• сабота, 23 ноември 2024

Директорката на „Козле“ Симоновска ги демантира наводите на портпаролката на СДСМ Кузеска

Директорката на „Козле“ Симоновска ги демантира наводите на портпаролката на СДСМ Кузеска

Скопје, 5 септември 2024

ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје , непречено ги реализира сите здравствени услуги за педијатриските пациенти. Во однос на денешните обвинувања во јавноста, одговорно информираме дека клиниката има комплетен тим за изведување на бронхоскопија со соодветна стручност на највисоко ниво за проблематиката која ја работи .Во тимот е бронхоскопист-орл специјалист кој е со докажани успеси со децении наназад, .материјали за бронхоскопија има  и се  набавуваат согласно потребите на клиниката. Нема застој во ниеден оддел  или сектор во клиниката и се функционира како и претходно во нормални услови за работа.Универзитетската клиника уште еднаш  укажува  дека заради специфичната дејност која ја обавува и е во интерес на пациентите ,не ни е потребен партиско-медиумски негативен публицитет.Исто така ја уверуваме јавноста дека секогаш и во секој поглед ,стручниот тим на лекари е подготвен да реагира на највиско ниво и стандарди ,потребни за една Универзитетска клиника. 

Директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ - Скопје, Каролина Симоновска

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан