МВР Билтен
- На 25.02.2023 во 21.05 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.З.(21) од Штип, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Во Тетово вчера во 16.15 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(34) од Тетово.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени еден пиштол и куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, прпотив него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Синоќа во 21.00 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.П.(24) и С.Н.(24), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во Скопје синоќа во 22.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Д.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 15.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 20.45 часот во село Соње, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(40) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 11.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и шприц со течност. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 17.00 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 08.12 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при обиколка на затворот околу надворешната страна на ѕидот биле пронајдени едно пакување со марихуана и едно пакување со грутчеста материја. Полициски службеници од СВР Штип ја подигнале дрогата за понатамошна постапка.
На 25.02.2023 во 21.05 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.З.(21) од Штип, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.
На 25.02.2025 во 11.45 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Г.Ш.(26) и Н.М., двајцата од с.Синичане, тетовско. Полициски службеници дале знак за запирање на возилото „опел“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Г.Ш., а сопатник бил Н.М., но Г.Ш. не застанал и притоа од возилото фрлил марихуана, која била пронајдена и одземена. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 06.40 часот на патот Кавадарци - Дреново, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Р.(27) од Кавадарци. При контрола во возилото, кое го управувал, било утврдено дека превезувал огревно дрво без документација. Дрвата и возилото биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.
На 25.02.2025 околу 06.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон с.Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 25.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(47) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 25.02.2025 во 13.50 часот во Полициската станица Аеродром, М.Б.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 25.02.2025 во 09.20 часот во Полициската станица Карпош, И.М.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Струма“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 25.02.2025 во 15.00 часот во Полициската станица Чаир, С.К.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонско- Косовска бригада“ во Скопје, нејзиниот син Н.К.(29) бил каснат од куче скитник. цр/
Фото: МИА архива