МВР Билтен (ДПЛ)
- На 16.09.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во населба Влае во Скопје едно лице со закана со остар предмет кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопје, 17 септември 2024 (МИА) – Денеска (17.09.2024) во 12.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(25) од с.Камењане, тетовско, удрило во пешакот Р.Р.(61) од с.Теарце, тетовско. Од здобиените повреди, пешакот Р.Р. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.09.2024, пријавениот на земјен пат во с.Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К..
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.М.(40) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.09.2024, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени четири дигитални ваги и амфетамин.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава за кривично дело „неизвршување на судска одлука“ по член 377 од КЗ против Т.Л., И.Д. и Р.Т., полициски службеници од ПС ОН Битола во СВР Битола. На 02/03.06.2024 прво и второ пријавениот не постапиле по писмена наредба на Основен суд Кичево за спроведување на осудено лице во казнено поправна установа заради извршување на санкција утврдена со правосилна пресуда, заради издржување на казна затвор во времетраење од една година. Имено, откако претходно бил пронајден и лишен од слобода, осудениот А.А. од Кичево, од страна на прво и второ пријавениот бил спроведен до КПУ Затвор Битола, а откако од страна на вработен во затворот осудениот наводно не бил примен поради немање на слободни места во затворската установа, прво и второ пријавениот, без да изготват било каква службена документација, го пуштиле осуденото лице на слобода без одобрение на судот, кој ја издал писмената наредба. Наведеното го извршиле со претходно одобрение на третопријавениот во својство на одговорен, кој не издал наредба осуденото лице да биде доведено и задржано во ПС ОН Битола заради понатамошна постапка спротивно на член 15 од Правилникот за вршење на полициските работи во МВР. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници Т.Л., И.Д., и Р.Т. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ќ.М.(22) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „оштетување туѓи предмети“. На 12.09.2024, тој од продажен објект во Дебар одзел паричник со документи и пари. Набргу бил пронајден и приведен во ОВР Дебар, каде што оштетил стакло од влезна врата.
Вчера околу 22.00 часот во Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле С.А.(39), Е.А.(51) и Т.А.(29), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со уште неколку лица физички го нападнале Д.И.(30) од Скопје. Според пријавеното, пред Полициското одделение Шуто Оризари, тие физички го нападнале и А.К.(30) од Скопје, кој го однел Д.И. да даде изјава во врска со претходниот физички напад. Исто така, според пријавеното, откако Д.И. слушнал врева излегол од станицата и со тврди предмети ги оштетил прозорите од куќата на С.А.(39), каде претходно се собрале поголема група граѓани. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Вчера во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Ф.(48) и З.Ш.(40), двете од Скопје. по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 16.09.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(23) и Ј.А.(32), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.09.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје, Д.К.(26) од Скопје пријавил дека во 19.40 часот пред зграда на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од М.Б. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.09.2024 во Полициската станица Кочани, Б.С. од Кочани пријавил дека околу 18.10 часот, Б.Ѓ., М.Н. и уште едно лице, дошле пред неговата куќа и фрлале тврди предмети, при што го оштетиле неговото возило, а Б.Ѓ. влегол во дворот и ја нападнал неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.09.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во населба Влае во Скопје едно лице со закана со остар предмет кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.09.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Берово, М.Е.(40) од Берово пријавила дека околу 17.00 часот во својот дом, била физички нападната од Љ.М. од Пехчево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.09.2024 во Полициската станица Гази Баба, Н.С.(46) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М.С.(20), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска во 04.30 часот во Полициската станица Велес, А.П.(43) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
Вчера во 13.00 часот во ОВР Гостивар, Т.Д.(76) од Гостивар пријавил дека на улица „Павле Аврамоски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.
Вчера во 14.35 часот, Ј.К.(44) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „Рудничка“ во Кичево била касната од куче скитник. ра/нд/
Фото: МИА архива