• вторник, 24 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - На 15.11.2024 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(46) од Скопје. Тој се сомничи дека на 14.11.2024 на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје со пиштол пукал кон Ш.М. од Скопје и му нанел прострелна рана на абдоменот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него, по брза постапка, била поднесена кривична пријава „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Судија на претходна постапка на А.И. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издршување на мерката.

На 16.11.2024 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на 09.11.2024 во трговски центар на подрачјето на Чаир одзел електричен тротинет, сопственост на И.Ш. од Скопје. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. Тротинетот бил одземен и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.11.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.Г.(34) од Република Турција затоа што во казино на подрачјето на Центар во Скопје агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на вработените. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Денеска (17.11.2024) во 02.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.М.(19) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.11.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле А.И.(47) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против И.А.(46) од с.Житоше, прилепско и против И.Х.(57) од с.Борино, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 21.10.2024 во атар на с.Белушино, крушевско, полициски службеници ги затекнале пријавените како со трактори превезуваат бесправно исечени огревни дрва.

Во СВР Скопје, Х.А.(38) од с.Љуботен, скопско, пријавила дека на 15.11.2024 околу 14.30  часот, додека била на работното место во продажен објект на подрачјето на Чаир во Скопје, паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот. Полициски службеници од Полициската станица Чаир го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

На 16.11.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(34) и Т.Б.(43), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.11.2024 во 19.30 часот на автопат „Пријателство“, на правецот од Гевгелија кон Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица запреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, возачот го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени осум лица мигранти од Ирак. Возилото и мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

На 17.11.2024 во 01.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ на подрачјето Чаир било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.А.(50) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.

Денеска (17.11.2024) во 03.18 часот во СВР Скопје, Х.Б.(35) од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, пријавил дека околу 02.10 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеодром во Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.11.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, М.Д.(21) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека околу 14.50 часот на работното место во магацин приватна фирма на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Л.Ј.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали“. На 06.11.2024 во 23.50 часот кај место викано Здуњска крстосница, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода пријавениот. Претходно, тој во неколку наврати не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а пред влезот на Гостивар од возилото „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми, која била пронајдена и одземена.

Денеска (17.11.2024) во ОВР Берово било пријавено дека околу 00.30 часот пред угостителски објект во с.Будинарци, беровско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.К.(35) и 42 - годишната М.Л.,  двајцата од с.Будинарци, која употребила и стаклен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 16.11.2024 околу 18.00 часот СВР Велес било пријавено дека во патнички воз кој сообраќал на релација Скопје - Гевгелија биле забележани две лица мигранти од Непал. Со нив бил извршен службен разговор во Полициската станица Велес, по што биле спроведени во прифатно - транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

На 16.11.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(34) од Косово пријавил дека околу 18.30 часот пред зградата на Меѓународен Аеродром Скопје во своето такси возило со косовски национални ознаки бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 16.11.2024 во 19.16 часот во СВР Куманово било пријавено дека на место викано „Стар млин“ во с.Ранковце, кривопаланечко, настанал пожар во куќа сопственост на општина Ранковце. Повредени лица нема, а по жарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка. Увид бил извршен.

На 16.11.2024 во 08.50 часот во СВР Куманово, Н.Р.(37) од Куманово пријавил дека на 14.11.2024 околу 15.00 часот на свадбена веселба во Куманово, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, а потоа и од нејзината мајка и сестра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.11.2024 во 21.10 часот во СВР Штип, Т.К.(40) од Штип пријавила дека околу 20.30 часот во Штип, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.11.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, В.С.(35) од Скопје пријавила дека околу 17.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.11.2024 во СВР Штип, Е.М.(41) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.М.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.11.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Кочани, С.Ј.(78) од Кочани пријавил дека на ул.„Кеј на револуцијата“ во Кочани бил каснат од куче скитник. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан