• четврток, 14 ноември 2024
МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола вчера по претходно добиена наредба за претрес од Основниот суд од Битола извршиле претрес во домот на А.Ј.(35) каде нашле и одземени дозвола за оружје, 91 патрони за ловна пушка, 39 куршуми различен калибар, топовски удар, делови за оружје, како и различни предмети кои потекнуваат од извршени кривични  дела.

А.Ј. бил приведен во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 17:10 часот на улицата „Џумајска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Б. (45) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од 20 години, во врска со повеќе кривични дела.

Кај него се пронајдени фалсификувани хрватска патна исправа, лична карта и возачка дозвола. Д.Б. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.

Во неделата во 14 часот, по претходно издадена наредба од Основниот суд Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци бил извршен претрес во викендица на Тиквешкото езеро во сопственост на С.П.(45) од Кавадарци каде е пронајдена малокалибарска пушка „Брно-мод2“ и оптички нишан „Гамо“ кои ги поседувал без дозвола.

С.П. е лишен од слобода, а за случајот известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 16:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улицата „Фазaнерија 2“ се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „рено“ со гостиварски таблици, управувано од малолетник од Гостивар и велосипед управуван од  малолетно лице од Гостивар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар- Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.В.(42) од Охрид поради основи на на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

На 9 ноември на паркинг простор пред деловен центар во Струга, пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна 30 – годишна девојка.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.

На 21 октомври во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против М.К.(23) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 26 август пред угостителски објект во Берово, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“.

На 12 јули годинава на крстосница на улицата „Прилепски бранители“ и булеварот „Гоце Делчев“, пријавениот не застанал на знак за запирање, по што со возилото кое го управувал удрил полициски службеници додека извршувале службени дејствија и им нанел повреди.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(56) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 17 јули годинава, пријавениот со нож и секира се заканувал на малолетници.

Вчера во 14:30 часот во атарот на селото Радање, општина Карбинци, полициски службеници  од СВР Штип по наредба на ОЈО Штип, во содејство со Трудова инспекција, извршиле контрола во правен субјект каде биле затекнати А.Р.(33), Л.Р.(59) , Ф.Л.(63) , Д.З.(42) , Б.З.(51) , А.Д.(36) и К.З.(59), сите од Република Албанија, за кои било констатирано дека престојувале незаконски во државата, а биле работно ангажирани во правниот субјект.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Вчера во 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел, настанал пожар во помошна просторија од куќа, сопственост на А.Н.(81) од Скопје, а пожарот се проширил и ја зафатил соседната куќа, сопственост на Љ.К.(68) од Скопје.

Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќеска во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, настанал пожар во угостителски објект, сопственост на Г.М. од Скопје.

Пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.  Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје С.Љ.(45) од с.Сарај пријавил дека на 11 ноември околу 23 часот во казино на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Ф.А. и неговиот син Ф.А..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 22:20 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 02 ноември околу 13 часот во скопско село била физички нападната од нејзините родители Н.Б. и Б.Б. кои употребиле и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 17 часот вчера во СВР Скопје, А.П.(29) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, едно лице со физичка сила му ја одзело јакната, во која имало околу 3.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје, 32- годишна жена пријавила дека на 10 ноември околу 19.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот сопруг С.М.(36) од Скопје, кој и се заканувал и со остар предмет.

Со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во СВР Скопје вчера во 19 часот А.Џ.(32) од Скопје пријавила дека околу 17:10 часот на паркинг простор на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе ташната.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска околу 01:30 часот на граничниот премин Богородица, за влез во државата И.А.(27) од Скопје, кој управувал товарно возило „сканија“ со косовски национални ознаки, им пријавил на царинските службеници дека има некој во камионот.

Од страна на  царински службеници, при прегледот биле пронајдени пет мигранти. Со нив бил извршен разговор, каде појасниле дека додека возачот правел пауза на грчката граница, влегле во задниот дел на приколката. Мигрантите се спроведени во Прифатно транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.  

Вчера во 21 часот, Б.Х.(27) од Скопје пријавила дека во Скопје, на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе ташната.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 18 часот, Р.М.Џ.(46)  од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба со физичка сила и одзело чанта во која имало пари, лични документи и други лични предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 19 часот во СВР Скопје, А.Џ.(32) од Скопје пријавила дека околу 17.10 часот на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе чантата, а откако не успеало, физички ја нападнало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18.10 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека М.Ј.(43) од Македонска Каменица бил физички нападнат од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(19) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 27.05.2024 полициски службеници забележале патничко возило „поло“ во кое пријавениот од совозачката страна од прозорот фрлил марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.З.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. 

На 29.10.2023 во кругот на основно училиште во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.А.(40) од с.Лозово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 24.08.2024 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(56) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 17.06.2024 на бензинска пумпа, пријавениот упатувал закани,  а потоа физички нападнал едно лице со чекан и му нанел телесни повреди.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 18.07.2024 по претходно констатиран сообраќаен прекршок пријавениот на социјална мрежа,  упатувал заканувачки пораки на полициски службеник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б. (18)  од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“.

На 04.06.2024 во близина на основно училиште, пријавениот во присуство на две лица се самозадоволувал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Н. (53) од с. Џепчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 01.03.2024, Б.М. пријавил дека по претходен договор со пријавениот, како компензација го дал неговиот камион на пријател на пријавениот од Дебар, кој имал фирма за мебел, а за возврат требало да земе мебел во вредност од 15.000 евра, колку што била вредноста на камионот. До денот на пријавата, оштетениот не го добил мебелот, ниту можел да стапи во контакт со пријавениот.

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.Р.(36) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 28.09.2024 на клучка Прдејци, во правец кон с.Негорци, полициски службеници извршиле сообраќајна контрола на патничко возило „мерцедес“ при што било констатирано дека регистарските ознаки потекнуваат од друго возило.

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово, поднесе кривична пријава против Е.О.(28) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 25.10.2024 за излез од државата на Граничниот премин Табановце, пријавената која управувала патничко возило „форд транзит“, приложила фалсификувана возачка дозвола.

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.С. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 09.09.2024 на ул.„Вардарска“ на место викано „Малина“, полициски службеници извршиле сообраќајна контрола на патничко возило „бмв“ управувано од пријавениот, при што било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Л. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.

На 16.07.2024 пријавениот на патарина „Сопот“, дал фалсификувани 200 евра.

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија, поднесе кривична пријава против Х.Д.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на странец при недозволен влез и транзит“.

На 17.09.2024 пријавениот со патничко возило „ауди 5“, се обидел да превезе лица до Скопје, кои претходно оствариле незаконски влез во државата. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан