МВР Билтен (ДПЛ)
- Дополнение на извадок од дневните настани
Скопје, 11 јануари 2025 (МИА) – На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција. кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција. А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција.
Вчера во 22.20 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Васко Каранѓелевски" во Битола го лишиле од слобода М.Д.(20) од с. Бистрица, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 05.30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Х.(63) од Р.Турција кој управувал товарно возило „волво“ со полуприколка со турски национални ознаки, затоа што при извршена контрола на увид дал фалсификувани зелени карти. Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Денеска (11.01.2025) во 00.05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.В.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 14.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Б.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети, марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Џ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 20.50 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ѓ.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 21.45 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле А.С.(23) и С.М.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.01.2025 околу 20 часот во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе-Овче Поле, кај место викано „Оранжерии“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Ц.(39) од Свети Николе и товарно возило „фиат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.Т.(63) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.Т. и неговиот сопатник С.К.(58) од Р.Србија, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 09.01.2025 во 22.56 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека на регионалниот пат с.Владимирово-Берово, патничко возило „опел фронтера“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од М.В.(45) од с.Чифлик, пехчевско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.
Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Б.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во 17.05 часот во Полициската станица Гази Баба, Ѓ.Д.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„16-та Македонска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во 17.40 часот во Полициската станица Аеродром, Н.М.(28) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Вчера во 09.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка, го лишиле од слобода И.С.(49) од село Мелница, општина Чашка. По добиена судска наредба, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при СВР Велес, извршиле претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени 1004 семки, зелена растителна материја и една дигитална вага. И.С. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: МИА архива