МВР Билтен (ДПЛ)
- На 14.02.2025 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(27) од Кумановско. Тој бил пријавен дека околу 16.55 часот, заедно со уште едно лице, одзеле пари од 22-годишник од Скопје и физички го нападнале, употребувајќи и остар предмет.

Скопје, 15 февруари 2025 (МИА) - На 14.02.2025 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(27) од Кумановско. Тој бил пријавен дека околу 16.55 часот, заедно со уште едно лице, одзеле пари од 22-годишник од Скопје и физички го нападнале, употребувајќи и остар предмет.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 03.50 часот на подрачјето на општина Аеродром ги привеле К.Н.(24), С.Х.(21), Г.З.(27) и А.П.(19), сите од Скопје, по претходна пријава дека околу 03.30 часот на паркинг простор пред угостителски објект, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со уште три лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје денеска во 00.10 часот било пријавено дека на подрачјето на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(22) и В.Л.(28), двајцата од Скопје.
Исто така, во 00.30 часот И.Ј. пријавила дека била физички нападната од В.Л. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 18.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Б.Н.(39) од Скопје, по претходна пријава дека околу 18.00 часот со употреба на остар предмет физички го нападнала В.Ш.(39) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 19.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 19.10 часот во спортска обложувалница на подрачјето на Гази Баба, едно лице ја нападнало вработената и од касата одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, Р.И.(19) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот во с.Сарај, Скопско, бил физички нападнат од двајца негови соученици, при што употребиле и остри предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(52) од с.Ржаничино, Скопско, пријавила дека околу 17.00 часот била физички нападната од С.Т..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 08.30 часот во Полициската станица Кочани, Н.Е.(31) од с.Чешиново, Кочанско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Б.Е.(27), која имала здравствени проблеми, а која и претходно се оддалечувала од домот.
Според пријавеното, таа најверојатно се наоѓа кај лице од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
К.М.(22) од Охрид денеска во 02.45 часот во СВР Охрид пријавил дека на 14.02.2025 околу 23.40 часот пред влез од казино во Охрид, тој и неговиот татко Н.М. биле физички нападнати од А.И. и неговите браќа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 19.50 часот во Струга полициски службеници од ОВР Струга го привеле В.Е.(59) од Р. Албанија поради илегален влез и престој на територијата на РСМ.
Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија - Струга за понатамошна постапка.
На 14.02.2025 во 16.00 часот во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.А.(27) од с.Туин, Кичевско, поради тоа што при извршен претрес, по претходна судска наредба, во дом и други простории во Кичево била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во времето од 12.00 до 17.00 часот од страна на полициски службеници од ОВР Демир Хисар, во содејство со шумска полиција, во атар на с. Журче, Демирхисарско, и атар на с. Бирино, Крушевско, биле затекнати Т.Г.(51) од с. Свето Митрани, Крушевско, и С.А.(43) од с. Пресил, Крушевско, со пет коњи натоварени со огревно дрво, кое не било жигосано.
Дрвната маса е одземена и предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, по што ќе следат соодветни поднесоци.
На 14.02.2025 во 14.15 часот во с. Кочиште, Демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Л.К. од Крушево, од кого биле одземени 7 метри кубни нежигосани огревни дрва, како и моторна пила. Дрвата биле предадени на шумска полиција за понатамошно постапување, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 14.02.2025 во 12.45 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Ф.С.(24) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека кон дворот на 48-годишната О.Т. од Велес, каде во моментот се наоѓала малолетната ќерка на О.Т., фрлала тврди предмети, при што оштетила неколку возила што биле паркирани на улицата пред нивниот дом.
Ф.С. била задржана во полициска станица, а потоа по наредба од јавен обвинител спроведена во Основното јавно обвинителство Велес. По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, Ф.С. била спроведена во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.
На 15.02.2025 во 03.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Ј.Т.(31) и К.М.(33), двајцата од Кавадарци, затоа што во угостителски објект во Кавадарци физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени задачи. Ј.Т. и К.М. се задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
На 15.02.2025 во 05.10 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода и З.П.(36) од Кавадарци, затоа што кога вршеле спровод во Општа болница Кавадарци на лицето Ј.Т.(31), за да му се изврши лекарски преглед, кога стигнале во болницата, З.П. ги спречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија. Исто така и З.П. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По документирање на настаните против Ј.Т., К.М. и З.П. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје Ф.Г.(32) од Р. Турција пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од неколку лица, по што влегол во угостителски објект, а исто така и лицата влегле во објектот и повторно физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 20.44 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Карпош, настанал пожар во стан сопственост на И.П.(52).
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.
Во СВР Скопје денеска во 04.13 часот било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар, настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Х.(30) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема. хс/
Фото: МИА архива