• сабота, 21 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - На 10.09.2024 во 12.30 часот во гостиварско Дебреше и во 22.00 часот во населба Млаки во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение Галате и ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.С.(36) од Дебреше и А.К.(43) од гостиварско Леуново. Тие се сомничат дека во текот на последниот месец извршиле повеќе тешки кражби во куќи и магацини на подрачјето, од каде што одзеле повеќе предмети. Тие се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.09.2024 во 12.35 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го привеле Р.А.(34) од Штип, затоа што при извршен преглед во неговото патничко возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.К.(73) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година. На 15.02.2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 кг. марихуана и 31,39 литри масло од канабис. 

На 10.09.2024 во 15.05 часот на улица „180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р.(48) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во повеќе наврати преку социјални мрежи се заканувал на новинарката Л.В.Т.(32) од тетовска Мала Речица. Тој е задржан во полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

На 10.09.2024 во 21.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Х.Д.(28) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом во Штип со остар предмет се заканувал на својот 47-годишен татко и неговото семејство, а потоа со остар предмет го оштетил возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.09.2024 во 01.16 часот во СВР Скопје, Б.С.(27) од Скопје пријавил дека на 09.09.2024  во 16.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од О.И. од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.09.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје, С.И.(29) од Скопје пријавил дека околу 10.45 часот пред спортска обложувалница на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како обезбедување, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 10.09.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, З.Ќ.(45) од село Радуша, општина Сарај, пријавил дека околу 07.30 часот во селото, по претходна расправија, бил физички нападнат од Н.М. од истото село, кој му се заканил со остар предмет и го оштетил неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 10.09.2024 во 20.00 часот во близина на Железничка станица Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север пронашле две лица - мигранти од Авганистан, A.H.(25) и A.H.(53). Мигрантите биле сместени во транзитен центар во Табановце за понатамошна постапка. 

На 10.09.2024 во 09.00 часот во СВР Скопје, Е.Ч.(43) од Скопје пријавила дека по завршување на часовите, нејзиниот малолетен син бил физички напаѓан и малтретиран од двајца негови соученици од основното училиште во кое учел, на подрачјето на Карпош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 09.09.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.И.(48) и Р.И.(72), од една страна и 30 – годишната М.М. од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 10.09.2024 во 16.17 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредата околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, додека со негов малолетен другар биле во домот, а другарот случајно испукал од воздушен пиштол и го погодил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 10.09.2024 во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение Скопје било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(14) од Битола, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 10.09.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 04.09.2024 околу 21.00 часот во полуотвореното одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца осуденици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 10.09.2024 во 17.50 часот во Полициската станица Центар Ф.И.(37) од Скопје пријавил дека ул.„Црвена скопска општина“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 10.09.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Неготино, Л.Т.(26) од Неготино пријавил дека во дворот од семејната куќа бил каснат од куче скитник. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.А.(80) од Зрнoвци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 26.08.2024, пријавениот физичко нападнал малолетник и му нанел повреди. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против С.С.(41) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 14.07.2024 во Пробиштип, пријавената со патничко возило, кое го управувала, намерно удрила во Н.В. од Струмица.  

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Н.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот упатувал закани по животот на неговата 40– годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.Б.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.05.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.09.2024 во с.Јажинце, тетовско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени гранки од канабис.       

ОВР Кавадарци поднесе кривични пријави против А.Т.(27) од Скопје и С.Т.(30) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 15.10.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот каде престојувале пријавените, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, вработен во ЈП „Национални шуми“, во атар на општина Македонски Брод, несовесно постапувал во своите должности и овластувања, при што дозволил техничко буково дрво нелегално да биде изнесено од шумата, а на пописна листа било внесено во 2021 година и се пренесувало во 2022, 2023 и 2024 година. На тој начин, пријавениот причинил материјална штета на ЈП „Национални шуми“ за вкупна сума од 310.214 денари. 

Регионален центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Г.С.(40) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 08.08.2024 на Граничниот премин Делчево, пријавениот приложил фалсификувана полиса за осигурување за товарно возило кое го управувал.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 23.05.2024 на социјална мрежа, пријавениот споделил текст со кој поттикнува омраза и нетрпеливост. 

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.Г.(36) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 19.07.2024, пријавениот без знаење и согласност на неговата сестра, направил две уплати на продажни места. нд/

Фото: МИА

 

 

 

Остани поврзан