МВР Билтен (ДПЛ)
- ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.П.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.П.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При контрола, извршена на улицата „15 Корпус“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа синтетичка дрога МДМА.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.К.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“. На 08.01.2025 во заедничкиот двор од куќа во Струга, по претходна расправија со негов роднина С.К.(33), со остар предмет му упатил закани, а потоа оштетил предмети од неговата куќа.
На 14.01.2025 во 22.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Б.(42) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 12.01.2025 околу 20.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал својата 37 - годишна партнерка од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.01.2025 во 10.50 часот во СВР Скопје, А.И.(27) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на 13.01.2025 околу 19.50 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од А.К. и Х.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.01.2025 во 09.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.М.(57) од с.Чучер Сандево, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник кај с.Кучевиште, општина Чучер Сандево. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 - годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена зграда на подрачјето на Центар, едно машко лице ја допирало по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Е.А.(22), С.А.(22), А.И.(22) и 15 – годишник, сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 13.12.2024 во Кочани, пријавените физички нападнале 17-годишник од Кочани и му нанеле повреди.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 15.11.2024, пријавениот одзел пари од дневниот промет во казино во Битола, во кое бил вработен.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Х.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, од девизна сметка на починато лице, на кое бил полномошник, во два наврати извадил парични средства во вредност од 18.550 американски долари и 11.750 евра и покрај тоа што знаел дека со смртта е прекинато и полномошното.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Т.(25) од с.Покрајчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.10.2024 во с.Покрајчево, струмичко, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и канабис.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Т.(26) и З.Т.(23), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што бил пронајден и одземен кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Л.Ј.(58) од с.Тркање, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.04.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени ловечка пушка калибар 16 мм, репетирачко долго огнено оружје калибар 22 LR, 237 парчиња муниција различен калибар, 20 патрони калибар од 12 и 16 мм, воздушна пушка и 169 дијаболи калибар 4,5 мм..
Фото: МИА