• четврток, 26 декември 2024

МВР БИлтен (ДПЛ)

МВР БИлтен (ДПЛ)

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Во Велес вчера во 16.00 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.П.(57) од Валандово, кој бил баран по три централни потерници врз основа на судски наредби за издржување вкупна казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела „измама“.

МВР денеска соопшти дека исто така, лицето било барано и по неколку локални расписи, исто така, поради сомнение за извршени кривични дела „измама“. Ѓ.П. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на затворската казна.   

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешниработи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.М. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. Пријавениот Ф.М. во својство на овластено службено лице -  референт за управни работи вработен во Одделение за управни работи – Скопје како деташиран референт во станица за технички преглед во Сарај, во електронскиот систем на МВР преку апликацијата за печатење на сообраќајни дозволи направил промена на сопственост на моторно возило „ауди а5“ и издал сообраќајна дозвола на лице кое не е сопственик на возилото без да бидат исполнети условите за регистрација, врз основа на барање кое не било поднесено лично од сопственикот на возилото и без веродостоен доказ за сопственоста на возилото, што е спротивно на член 31 од Законот за возила. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ф.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување - суспензија од работното место.    

Синоќа во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38 - годишен жител на Струмица, кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетник од Струмица. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.А.(45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 11.10.2024 во атарот на струшкото село Богојци, тој со секира им се спротивставил и им упатил закани на двајца припадници на Шумската полиција, кои преземале службени мерки за одземање на дрва што потекнуваат од бесправна сеча.

На 24.10.2024 во 15.20 часот во СВР Тетово, А.И.(80) од тетовско пријавил дека во текот на 2017 година без негово присуство во Основен суд Тетово била донесена пресуда со лажно прикажување на факти и докази. Според пријавеното, во судот биле приложени лажни докази дека тој бил починат, а воедно од адвокат биле поднесени лажни докази - фалсификувано полномошно дека бил негов застапник и застапник на неговата ќерка. Како што е пријавено, по донесувањето на пресудата со лажните докази Н.Ш. од истото село ја доставил пресудата во Агенција за катастар на недвижности-Тетово и неговиот имот бил префрлен на името на Н.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.10.2024 во 20.00 часот во ОВР Гостивар, управител на фирма за издавање возила од Гостивар пријавил дека бил измамен од К.С.(36) од Скопје. Според пријавеното, на 13.10.2024 во неговата канцеларија дошол К.С. и изнајмил патничко моторно возило, кое требало да го врати до 16.10.2024, а за кое потпишале и договор. Како што е пријавено, до денот на пријавувањето К.С. не го вратил возилото и во телефонски разговор му рекол дека не го враќа возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.10.2024 во 13.25 часот во СВР Скопје, граѓанин пријавил дека, додека ловел риба на Смилковско езеро, забележал три лица како излегле од патничко возило „пежо 106“ и едното од нив извадило огнено оружје со кое испукало неколку истрели во воздух. Потоа, лицата со возилото го напуштиле местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.10.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, ги лишиле од слобода Д.Ѓ.(20), Д.Ѓ.(20) и Ј.Т.(23), сите од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.10.2024 во 00.50 часот на Градскиот плоштад во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ја лишиле од слобода Б.В.(22) од Република Бугарија поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување моторно воизло“. Таа била затекната како со голема брзина управува патничко возило во централното градско подрачје во Кочани. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.10.2024 во 09.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во простории на приватна фирма на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу вработените Л.Д.(56) и В.Б.(36), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.10.2024 во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.П.(86) и М.М.(19), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.10.2024 во 21.20 часот во СВР Скопје, А.Д.(46) од Скопје пријавил дека околу 17.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.10.2024 во 23.22 часот во СВР Скопје, В.Р.(44) од с.Огњанци, скопско, пријавила дека околу 15.50 часот во градски автобус во населбата Гоце Делчев, скопско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од В.Х. од с..Идризово, скопско. Се преземат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.10.2024 околу 14.20 часот во СВР Скопје, П.Д.(30) од Република Србија, со престој во Скопје, пријавил дека околу 14.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.10.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје, С.С.(37) од Скопје пријавила дека на 22.10.2024 во двор од основно училиште на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син и уште еден негов соученик биле нападнати од тројца други ученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.10.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, С.К.(57) од Прилеп пријавила дека на 12.10.2024 околу 14.30 часот на работното место во продажен објект на подрачјето на Центар се здобила со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

На 24.10.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Карпош, А.Ј.(44) од Скопје пријавил дека во домот се вратил неговиот чичко М.Т.(80) од Скопје, за кој на 20.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот.  

На 24.10.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Г.(54) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечиле К.Д.Б.(25) и Т.М.А.(34), двајцата од Непал, вработени во приватна фирма во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.08.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Л.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.08.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што бил пронајден и одземен амфетамин.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Д.Ј.(36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.08.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени семки од канабис. Во дворно место во с.Шипковица, радовишко, исто така, засадил семки од канабис, кои биле пронајдени.  

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.С.(28) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 24.12.2023 во с.Раклиш, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „алфа ромео“, управувано од пријавениот, во кое било уште едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.К.(23) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги „психотропни супстанци и прекрузори“. На 24.08.2024, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „мерцедес“, во кое сопатник бил пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Е.(27), И.К.(24) и  Б.А.(23), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.01.2024, полициски службеници забележале патничко возило во кое биле пријавените, кои откако ги забележале полициските службеници го стартувале возилото и го напуштиле местото, при што од прозорецот на возилото фрлиле марихуана, која била пронајдена.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 21.10.2024 пријавениот во повеќе наврати физички нападнал 24 - годишна жена и против нејзина волја ја држел во неговата викенд куќа во битолско, каде што, исто така, физички ја напаѓал.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ш.(24) од Скопје поради постење основи на сомнение за сторени кривични дела „грабнување“ и „загрозување на сигурноста“. На 29.09.2024, по претходна семејна расправија, пријавениот во куќа во скопско село со нож се обидел да го нападне Џ.Р., се заканувал на останатите присутни и со употреба на сила ги земал двете малолетни деца и заминал. .

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.С.(49) од кривопланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 13.10.2024 во семејна куќа во село во општина Ранковце, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 23.06.2024, отишол во домот на М.С. во Скопје и физички го нападнал.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(28), М.В. и малолетник, сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 16.09.2024 во Кочани, пријавените со тврди предмети фрлале кон С.С., нејзиниот син Б.Ѓ. и нејзините малолетни внуки, кои биле во дворот од семејната куќа, при што го оштетиле и паркираното возило во дворот. цр/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан