• петок, 21 февруари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 17 февруари 2005 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против И.Б. поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот И.Б., вработен како самостоен полицаец - возач во Оддел за специјални полициски операции во Бирото за јавна безбедност при МВР, на 24.01.2025 околу 01.45 часот во ноќен клуб во Скопје агресивно се однесувал кон вработени во обезбедување на објектот, по што и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителни мерки да биде суспендиран од своето работно место до завршување на постапката.

На 16.02.2025 во 16.10 часот во охридското село Опеница, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле Ш.С.(38) и С.Ш.(29), двајцата од Охрид, кои се сомничат дека претходно во црква во истото село извршиле кражба, при што одзеле пари.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против З.П.(57) и Б.П.(34), двајцата од с.Сирково, општина Росоман, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи“,  казниво по член 396 став 1  од Кривичниот законик.

На 18.03.2024, при претрес во нивниот дом и помошни простории во с.Сирково, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, куршуми различен калибар и други предмети.

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.К. (51) од с.Ваташа, Кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 05.10.2024  на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го затекнале пријавениот како во неговото возило користи бела прашкаста материја. Подоцна бил извршен претрес во неговото возило, дом и помошни простории и хала од работилница, при што бил пронајден и одземен кокаин.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.Ш.(35) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување моторно возило“.

При радарска контрола во патниот сообраќај, извршена на 25.01.2025 кај месноста „Сушара“ во Дебар, полициските службеници утврдиле дека тој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со брзина од 56 км на час повеќе од дозволеното, при што постапил спротивно на членот 35 став 3 од Законот за безбедност во патниот сообраќај.

Денеска (17.02.2025) околу 02.15 часот во СВР Скопје, Д.Б.(19) од с.Таор, општина Зелениково, пријавил дека на 16.02.2025 околу 23.40 часот во с.Зелениково, по претходна расправија бил физички нападнат од Е.Б. и В.И. од с.Страхојадица, општина Зелениково, при што В.И. му се заканил и со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.02.2025 во 18.38 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот сопруг А.Ј., со кого е во бракоразводна постапка, физички ја нападнал и ѝ го скршил мобилниот телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.02.2025 во 15.20 часот во СВР Скопје, Д.Т.(21) од Скопје пријавил дека околу 07.00 часот во дом на негов другар во населбата Ченто настанала физичка пресметка помеѓу А.А. и неговиот другар и при обид да ги раздели бил физички нападнат од А.А., кој, исто така, го удрил и со пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.02.2025 во 22.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле З.Н.(51), за која на 15.02.2025 нејзиниот брат З.З. пријави дека се оддалечила од домот.

На 16.02.2025 во 16.10 часот во ОВР Гостивар, Б.А.(61) од Гостивар пријавил дека во паркинг на трговски центар на улица ,,ЈНА“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(39) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 20.11.2024 во Гостивар, пријавениот не застанал на знак за запирање и со возило се обидел да удри полициски службеник, а откако бил запрен продолжил да се заканува на полицискиот службеник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л.(22) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило“.  

На 31.01.2025 во Дебар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола и под дејство на алхохол.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.И.(37) од с.Добри Дол, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 13.02.2025 на подрачјето на општина Врапчиште, Гостиварско, пријавениот со патничко возило „форд фиеста“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање и при обид да избега, од возилото фрлил кокаин.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(59) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 31.01.2025 во Куманово, пријавениот довел во заблуда 64-годишна жена дека нејзината ќерка усмртила дете-мигрант и за да ја ослободат, морала да плати одреден износ на пари, при што ја оштетил за 30.000 евра.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.С.(55) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.

Пријавениот, во континуитет, подолг временски период, физички и психички ги малтретирал неговите четири малолетни деца, ги оставал сами, без да им обезбеди основни услови и нега.

СВР Струмица поднесе кривична пријава правно лице од с.Вешала, Тетовско, и Р.Х.(54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непреземање мерки за заштита при работа’’.

Првопријавеното правно лице и второпријавениот одговорно лице во правното лице, не презеле мерки за безбедност и здравје при работа на работниците, за работни места на градилишта, а како резултат на тоа вработениот Б.З.(60), при вршење градежни активности на 12.12.2024 паднал и починал на местото на настанот. хс/ 

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан