• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - На 20.11.2024 во 18.45 часот на улица „15 Корпус“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга од слобода го лишиле Е.Џ.(18) од Струга, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

МВР денеска соопшти дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Л.(37) селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. При преглед, извршен на улица „27 Март“ во Струга, полициските службеници  од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа марихуана.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(20) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед, извршен на улицата „15 Корпус“ во Струга, полициските службеници  од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Н.(56) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При обид за легитимирање, тој пред полициските службеници фрлил пакување со остатоци од кокаин и хероин.   

На 21.11.2024 околу 05.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален  пат Куманово - Крива  Паланка, во местото викано Ливаде, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(26) од Ранковце и патничко возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.К.(39) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Д., додека С.К. и сопатниците Ѓ.К.(57) и Н.Ѓ.(44) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.

На 20.11.2024 во 09.00 часот на патниот правец Градско-Прилеп, кај с.Беловодица, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35) и Н.А.(33) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. По документирање на настанот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Во СВР Скопје на 19.11.2024 во 16.50 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда била донесена А.Н.(30) од населба Илинден, скопско. Според пријавеното, таа се здобила со повредата на 18.11.2024 околу 21.00 часот при извршување работни задачи во фирма во населба Илинден. За настанот бил известен трудов инспектор.

На 20.11.2024 во 11.00 часот во ОВР Кавадарци, од болницата во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен П.С.(40) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.11.2024 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со убодни рани бил донесен малолетник од с.Кучевиште, скопско. Според пријавеното, кај Транспортен центар во Скопје тој бил физички нападнат од група малолетници, при што еден од нив со остар предмет му нанел убодни рани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 20.11.2024 во 14.33 часот во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен С.С.(54) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во рудник во Крива Паланка. Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид, а за настанот биле известени трудова инспекција и јавен обвинител.

На 20.11.2024 во 09.20 часот во СВР Скопје, К.Е.(65) од Косово пријавил дека околу 03.30 часот во казино на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од четири лица вработени како обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.11.2024 во Полициската станица Велес било пријавено дека во oпштинско основно училиште во Велес, малолетник физички нападнал друг малолетник, негов соученик. Нападнатиот малолетникот бил однесен во болницата во Велес, по што,  поради сериозноста на повредата бил препратен во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза'' во Скопје. За настанот известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

На 20.11.2024 во 21.12 часот во СВР Скопје, И.К.(55) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, таа и нејзиниот син Ф.К.(30) биле физички нападнати од Б.Љ. и Б.Љ., кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.11.2024 во 01.20 часот во СВР Скопје, С.Ј.(51) од с.Цветово, општина Студеничани, пријавил дека на 19.11.2024 околу 13.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.11.2024 во 17.23 часот во СВР Скопје, Г.С.(44) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца ученици од училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.11.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека на осуденикот О.Г.(34) од Република Турција му се слошило, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Денеска (21.11.2024) во 00.20 часот во с.Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Сопот пронашле шест лица мигранти (пет од Сирија и еден од Палестина), од кои тројца малолетници. Лицата биле предадени во транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.  

На 20.11.2024 во 23.15 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија пронашле три лица мигранти од Сирија. Тие биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки за понатамошна постапка.

На 20.11.2024 во 21.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана кон вработените одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.11.2024 во 14.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, З.В.(52) од Македонска Каменица пријавил дека на ул.„Александар Македонски“ бил каснат од куче скитник.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против О.Т.(58) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.11.2024 во с.Просениково, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое сопатник бил пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, при претрес во неговиот дом, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(25) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 03.09.2024 на место викано „Чадорче“ во Валандово, полициски службеници затекнале друго лице кое користело марихуана, која претходно му ја дал пријавениот.  

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против Т.Ј.(20) од с.Норово, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување и држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.08.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени повеќе куршуми.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.11.2024, пријавениот упатувал закани кон вработени лица во Одделението за управни работи при ОВР Гевгелија, а потоа го искршил заштитното стакло на пултот и влезната врата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(57) и Е.А.(38), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.06.2024 на мостот за с.Милетино, првопријавениот физички го нападнал Н.К., додека второпријавениот му упатувал закани. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Ќ.(26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 08.10.2024 на место викано Поводеници, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.М.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 22.10.2024 додека го управувал своето патничко возило, пријавениот започнал расправија со својата сопруга, по што таа се обидела да излезе од возилото, но тој ја зголемил брзината и таа паднала на асфалтот и се здобила со повреди.

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против К.Ј.(62) од с.Удово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 28.10.2024 на сопствена нива, пријавената запалила сува трева, при што пожарот се проширил и зафатил површина од пет декари сува трева и грмушки.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, во мај 2022 година, со друго лице договориле меѓусебна компензација за изработка на мебел во вредност од 3.500 евра, а за истата сума оштетеното лице на пријавениот му го дал своето патничко возило „фолксваген голф“. Пријавениот доцнел со изработка на мебелот и не му се јавувал на лицето, а во септември 2023 го продал неговото возило на авто плац и на тој начин го измамил лицето.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.И. од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „загрозување на сигурноста“. На 18.11.2024 на социјална мрежа, пријавениот објавил статус во кој упатувал закани.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(55) од с.Доброште, општина Теарце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 05.11.2024 на регионалниот пат Тетово - с.Јажинце, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило  „фолксваген транспортер“, управувано од пријавениот, при што било утврдено дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. цр/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан