• вторник, 24 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 20 јануари 2024 (МИА) - На 19.01.2024 во 14.00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ја лишиле од слобода Б.М.(41) од Велес. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, бил пронајден и одземен хероин. Б.М. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.01.2024 во 23.00 часот во атарот за село Ласкарци, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го привеле Б.А.(19) од селото. Тој бил затекнат како со патничко возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, превезува огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено во Полициското одделение Сарај. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.01.2024 во 14.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го привеле А.А.(44) од Струмица. Тој бил баран по судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено - поправната установа „Затвор Струмица“ за издржување на казната.

На 19.01.2024 во 19.40 часот во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го привеле Ѓ.М.(35) од село Здуње, гостиварско. Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување на казната.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во сообраќајот, извршена на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот, како со патничко возило „мерцедес“, врши превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

На 19.01.2024 во 22.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.Р.(31) од Тетово затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На 19.01.2024 во 04.10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле Б.Ѓ.(35) од Виница затоа што во Итна медицинска помош Кочани го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон вработените. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.01.2024 во 21.20 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го привеле А.Ј.(36) од село Паничари, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.01.2024 во 14.40 часот во радовишко село, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода С.А.(33), затоа што со остар предмет се заканил на неговиот татко. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.01.2024 во 22.30 часот на клучка Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Б.М.(28) од Неготино. Претходно, на автопатот во близина на Неготино, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но, тој продолжил со движење по локалните улици во Неготино и се обидел да удри во службено полициско возило. За настанот бил известен јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 20.01.2024 во 00.05 часот во село Марена, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.А.(19) од истото село, постапувајќи по претходна пријава од Р.А.(38) од село Марена дека во неговата куќа во селото, А.А. со неговите браќа А.А. и еден малолетник, ја скршиле влезната врата и со метални и дрвени предмети ги нападнале неговата мајка Н.А.(64) и неговите браќа Г.А.(19) и Р.А.(21), а оштетиле и дел од покуќнината. За настанот бил известен јавен обвинител, А.А бил задржан во полициска станица, малолетникот бил повикан со родител во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Увид на местото извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 19.01.2024 во 06.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.М.(31) од Тетово затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.01.2024 околу 20.00 часот на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле А.А.(35) од струшкото село Корошишта затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.01.2024 во 19.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на општина Чаир, настанал пожар во куќа сопственост на Т.Ј.(38) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.

На 19.01.2024 во 22.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.В.(22) од Штип затоа што физички ја нападнал неговата поранешна 18-годишна девојка од Штип, а по нападот, тој, Д.М.(20) и Б.П.(22), двајцата од Штип, започнале физичка пресметка со нејзиното момче П.Б.(23) од Штип. Во полициска станица биле приведени Д.М., Б.П. и П.Б. и со нив бил извршен службен разговор. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 19.01.2024 во 20.30 часот на улицата „8 Септември“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги привеле Ј.К.(35) и В.К.(24), двајцата од Дебар, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.01.2024 во 00.30 часот во СВР Штип, А.Д.(42) од Скопје пријавил дека на 19.01.2024 околу 19.00 часот во населба Дузлак во Штип, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.  

На 20.01.2024 во 00.15 часот во СВР Штип, Х.Д.(34) од Штип пријавила дека на 19.01.2024 околу 19.00 часот во населба Дузлак во Штип, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.   

На 20.01.2024 во 08.00 часот во Полициската станица Кочани, Д.В.(23) од село Градец, виничко, пријавил дека околу 04.30 часот во Кочани бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.    

На 19.01.2024 во 14.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Градиште, кумановско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А.(33) од село Градиште и Н.З.(36) од село Кокошиње, кумановско. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 19.01.2024 во 16.50 часот во Полициската станица Радовиш, М.М.(49) од Радовиш пријавил дека околу 13.30 часот во двор на верски објект во Радовиш, Џ.Н. физички го нападнала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2024 во 00.20 часот во ОВР Неготино, Р.П.(33) од Демир Капија пријавил дека во угостителски објект во Демир Капија бил физички нападнат од А.Ј. и П.Ј. од Демир Капија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2024 во 16.20 часот во Полициското одделение Новаци, З.Р.(49) од село Маково, општина Новаци, пријавил дека тој и Ж.З.(51) од село Маково биле физички нападнати од Т.Т. и Н.Т., двајцата од истото село. Се работи на расчистување на случајот.

На 20.01.2024 во 03.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле А.Р.(24) и С.Г.(25), двајцата од Битола, поради сомнение дека околу 03.10 часот на Градското шеталиште во Битола физички ги нападнале И.В.(21) од село Гермијан, општина Новаци, И.Н.(26) од село Добровени, општина Новаци и 26-годишната М.Б. од село Отишани, дебарско. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 19.01.2024 во СВР Велес, 36-годишна велешанка пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, нејзиниот сопруг Л.М.(48) физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.01.2024 во 14.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во семејниот дом, Д.А. од Охрид физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.01.2024 во СВР Куманово, С.К.(61) од Куманово пријавила дека на улица „Мирче Ацев" во Куманово била касната од куче скитник. бд/

Фото: МИА

Остани поврзан