• петок, 23 август 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - На 22.08.2024 во 04.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Црногорска 2“ во Скопје било опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(35) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 21.08.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје, Б.Г.(59) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот забележал дека неговото патничкото возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на паркинг-простор на подрачјето на Чаир, било оштетено од заталкан куршум од огнено оружје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.  

На 22.08.2024 во 01.30 часот пред угоститлски објект на ул.„Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле С.Т.(53) и Ф.Д.(19), двајцата од Битола, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.08.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, В.Д.(23) од Скопје пријавил дека околу 20.20 часот на подрачјето на Драчево, тој, И.А.(53), Л.Т.(56), двајцата од Скопје и С.А.(23) од Битола, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, биле физички нападнати од С.П.(40) и малолетник, двајцата од с.Волково, Скопско и Г.С.(48) од с.Радишани, Скопско, кои употребиле и тврди предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.

На 28.07.2024 на ул..„Железничка“ во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

На 21.08.2024 околу 20.00 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на патот за с. Царев Двор, Ресенско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.Ч.(40) и Д.Ч.(66), двајцата од Ресен, од една страна и Ѓ.Ч.(19) од Битола, од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 21.08.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје, А.Г.(74) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Драчево, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед Ф.Б.(32) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.08.2024 околу 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во Свети Николе, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.С.(60) и С.П.(37), двајцата од Свети Николе.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Д. (39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 19.06.2024 во Прилеп, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

На 21.08.2024 во 21.10 часот во ОВР Радовиш, Н.Д.(35) од Радовиш пријавила дека на ул.„Плачковица“ во Радовиш била касната од куче со сопственик.

На 21.08.2024 во 22.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат од с.Р’жаничино кон с.Коњари, Скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, и мотоцикл управуван од С.Р.(23) од с.Долно Коњаре, Скопско.

Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид изршила екипа од СВР Скопје.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(19), А.А.(23), Ќ.М.(18) и Г.Р.(18), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 08.11.2023 во угостителски објект во Прилеп, пријавените физички ги нападнале Д.Р.(21) и А.С.(21), двајцата од Прилеп и им нанеле повреди.

На 21.08.2024 во 02.15 часот СВР Струмица, С.Ј.(31) од Струмица пријавил дека во близина на Градски парк во Струмица бил каснат од куче скитник.

На 21.08.2024 околу 23.10 часот во СВР Скопје, Д.Б.(20) од с.Батинци, Скопско, пријавила дека на 16.08.2024 на работното место во приватна здравствена установа во селото, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Џ.К..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.08.2024 во 18.50 часот во СВР Битола, A.Т.(63) од Битола пријавила дека во Градскиот парк во Битола била касната од куче скитник.

На 21.08.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(20) од Скопје пријавил дека на 14.08.2024 околу 00.15 часот пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Л.К. и уште неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(68) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување“.

На 08.07.2024 пријавениот лажно пријавил кривично дело „затајување“, при што навел дека работната машина – дробилка не му била доставена до местото каде што е договорено и дека е во сопственост на правното лице, чиј управител е тој, иако машината била сопственост на друго правно лице. 

На 21.08.2024 во 11.00 часот во Полициска станица Аеродром, А.Г.(52) од Скопје, управител на приватна фирма, пријавил дека пет негови вработени лица од Непал на возраст од 22 до 47 години, со привремен престој во Скопје, се оддалечиле од местото од каде што престојувале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 21.08.2024 во 20.00 часот во СВР Битола, А.Х.(36) од Битола пријавила дека на ул.„Григор Прличев“ во Битола билa каснатa од куче скитник.

На 21.08.2024 во 09.20 часот во СВР Битола, С.Н.(59) од с.Лопатица, Битолско, пријавил дека на ул. „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола бил каснат од куче скитник. хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан