• среда, 24 јули 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - На 23.07.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода  А.Т.(37) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, халуциногени печурки и предмети со остатоци од прашкаста материја. А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2024 во 20.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица - Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2024 во 17.45 часот на магистралниот пат за Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода И.А.(49) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека врши нелегален транспорт на нежигосани огревни дрва, со истечена регистрација на возилото и без важечка возачка дозвола.  Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено и предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2024 во 09.15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Ј.М.(39) од гостиварски Добридол, поради сомнение дека извршил „тешка кражба“ на подрачјето на Гостивар. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и ќе бидат вратени на сопственикот. Тој е задржан во полициска станица  за понатамошна постапка  и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 22.07.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Г.(30) од Велес и В.И.(23) од с.Белче, Демирхисарско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.07.2024 во 17.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ј.Ј.(19) од тетовско Добарце, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На  22.07.2024 во 20.10 часот во с.Теарце, Тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце  го привеле Е.Л.(43) од истото село,  кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 20 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за користење мобилтен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас...

На 22.07.2024 во 11.20 часот во СВР Тетово, Џ.М.(44) од с.Џепчиште, Тетовско, пријавил дека на 20.07.2024 во 11.20 часот на кружен тек помеѓу ул.„Иво Лола Рибар“ и  ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „џип“ со швајцарски национални ознаки удрило во велосипед, управуван од неговиот татко З.М.(67) од с.Џепчиште, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово, по што, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. По насоки на јавен обвинител бил извршен увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчитување на случајот.

На 22.07.2024 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат од населбата Драчево кон село Зелениково, пред влезот за с.Студеничани, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од М.Х.(62) од с.Семениште, општина Сарај и патничко возило „сеат алхамбра“ без регистарски ознаки, управувано од Г.К.(31) од с.Зелениково, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил О.С.(22) од с.Смесница, општина Зелениково, сопатник од возилото „сеат алхамбра“, а возачот Г.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.07.2024 во 22.10 часот во Полициската станица Аеродром, А.П.(18) од Скопје пријавила дека на ул. „Матеа Матевски“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 22.07.2024 во 17.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Велешта, Струшко, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.В.(67) од с.Велешта и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од И.К.(61) од с.Велешта, со живеалиште во Република Австрија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

На 22.07.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.К.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 22.07.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на 21.07.2024 во 19.30 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, З.А.(41) од Радовиш, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на земјен пат. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.А., констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

На 22.07.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Т.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник. мд/

 

 

 

Остани поврзан