МВР-билтен
- СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична приjава против Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување" по член 353 од Кривичниот законик.
Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична приjава против Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување" по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица", во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т.. Имено, тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот. Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата.
На 27.09.2024 во 01.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.(22) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај него била пронајдени одземените предмeти и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.09.2024 во 19.00 часот на улица „Преспанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Х.(49) од Тетово затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 27.09.2024 во 00.10 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Џ.(26) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.09.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.С.(60) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарното возило кое го управувал, како и за полуприколката, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Б.С.(50) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот поднел барање за одобрување на привремен престој во државата по основ на вработување во градежна фирма, по што била спроведена постапка. По извршена дополнителна проверка и при увид во приложената турска патна исправа на лицето било констатирано дека има втиснато влезно излезни штембили чии кодови не се совпаѓаат со безбедносниот код на штембилите за пасошка контрола на Регионалниот центар за гранични работи Север, односно лицето не евидира со остварен влез/излез од државата.
На 26.09.2024 во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - Јажинце, во с.Порој, патничко возило „фолксваген туарег“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Џепчиште, удрило во пешакот А.С.(86) од с.Порој. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 26.09.2024 околу 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(44) од с.Мала Речица, Тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од с.Милетино, Тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 27.09.2024 во 02.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница од улица „Боге Велјаноски“ со улица „Питарница“ во Гостивар, патничко возило „опел корса“ со албански национални ознаки, управувано од А.Л.(51) од Република Албанија, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 26.09.2024 во 16.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Битола, А.И.(21) од Битола, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола.
На 26.09.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Цветан Димов“ и бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од с.Блаце, Скопско, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 26.09.2024 во периодот од 21.30 до 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(72) од Скопје, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал К.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е даден за обдукција.
На 26.09.2024 во 14.30 часот во Полициска станица Чаир, Д.В.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Скоевска“ во Скопје бил каснат од куче скитник. мд/
Фото: МИА архива