• петок, 26 јули 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.Н.(19) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 08.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми со калибар 7,62мм.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во текот на 2023 година, пријавениот континуирано вршел психичко насилство над К.П., а на 21.08.2023 бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени куршуми со калибар 7,65 мм.

На 02.06.2024 во периодот од 15.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-19), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 32 (ТЕ-15 и ГВ-17), 8 возачи (ТЕ-6 и ГВ-2) кои управувале без да положен возачки испит и 1 (ТЕ) мотоцикли со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Исто така, при контролата биле констатирани 16 (ТЕ-7 и ГВ-9) останати сообраќајни прекршоци. Против возачите биле поднесени соодветни законски поднесоци.

На 02.06.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли. За време на контролата биле санкционирани 21 прекршоци. Санкционирани биле и 28 други видови на прекршоци.

На 02.06.2024 од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 10 возачи (ГВ) кои ја пречекориле пропишаната брзина надвор од населено место. Санкционирани се и 44 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-39 и ГВ-5). На возачите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.

На 02.06.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(18) од Скопје пријавил дека на 31.05.2024  околу 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и С.Р.(19), В.П., Ѓ.Н. и Б.М.С., сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 02.06.2024 во 22.40 часот во СВР Скопје, О.Н.(51) од Скопје пријавил дека околу 19.35 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходно неодразбирање, едно лице со солзавец го испрскало неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.06.2024 во 01.55 часот, А.Р.(26) од с.Студеничани, Скопско, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека на 02.06.2024 околу 19.30 часот на работното место во установата бил физички нападнат од неговиот колега Х.Х. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2024 во 21.00 часот во Полициското одделение Јегуновце, Р.Р.(30) од тетовско Јегуновце пријавила дека во селото била касната од куче скитник.

На 02.06.2024 во 12.40 часот, М.В.(51) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „11 Септември“ во Кичево била касната од куче скитник. Истиот ден, Г.Т.(49) од Кичево пријавил дека на улицата „4 Јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник.   

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.03.2024 на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, пријавениот со нож му нанел убодни рани на А.Ј..

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.04.2024 на ул.„Никола Карев“ во Скопје, пријавените физички го нападнале Л.С.. мд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан