• петок, 08 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 14 мај 2022 (МИА) – Полициски службеници од СВР Охрид, вчера во 18:30 часот го лишија од слобода Д.С.(28) од Охрид. При преглед извршен на улица „Железничка“ во Охрид, кај него е пронајдена и одземена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 174 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.Во периодот од 14 до 20 часот вчера, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници регистрирале и санкционирале 11 возачи кои извршиле непрописно престигнување (Охрид-07, Кичево-04).На 13.05.2022 од страна на полициски службеници во Надворешната канцеларија за криминалистички работи извршен е службен разговор со И.Б. од Пробиштип, кој се сомничи дека искористил прилика да фалсификува три рецепти за издавање на лекарства на наркозависници. За таа цел полициски службеници извршиле проверки во здравствена ординација во Пробиштип и во аптеки на подрачјето на Пробиштип, при што е констатиран направениот фалсификат, а рецептите се пронајдени и одземени од една од аптеките. За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Штип и по негово целосно документирање ќе се следи поднесок.На 13.05.2022 околу 12 часот во СВР Скопје, Ш.С.(36) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна распоравија поради нерасчистени имотно-правни односи тој, неговиот татко С.С. и неговиот брат С.Б. биле нападнати со тврди предмети од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 14.05.2022 во 01:45 часот во ОВР Прилеп, Р.Е.(36) од Прилеп пријавил дека на 13.05.2022 околу 19:30 часот пред влез на угостителски објект во Прилеп бил физички нападнат со тврд предмет од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против К.С.(23) од виничко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.07.2021 во домот на пријавениот, при извршен претрес, биле пронајдени остатоци од мешавина од марихуана и тутун и стебло од растение канабис кои ги држел во својот дом.На 13.05.2022 во 17:45 часот во Полициска станица Гостивар, Ј.В.(52) од Гостивар пријавил дека околу 14:40 часот во Гостивар, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговите роднини Н.Ј. и Д.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 12.05.2022 околу 22 часот во Полициска станица Драчево Н.Ч.(50) од село Батинци, скопско, пријавил дека околу 21:30 во неговата викенд куќа во село Лубош настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.На 13.05.2022 во 23.20 часот во Полициска станица Гази Баба, Б.М.(27) од Тетово пријавил дека, додека извршувал работни задачи во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.К. (51) од село Долно Татеши, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 21.01.2022 на улица „Пролетерски бригади“, при извршена контрола на патничко возило „мерцедес“ со натпис „такси“, управувано од пријавениот, било констатирано дека возилото го управува без соодветната потребна документација за вршење јавен превоз.На 13.05.2022 на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје е приведен А.Ј.(26) од Скопје, по претходна пријава од Е.А.(39) од Скопје дека околу 23 часот на подрачјето на Гази Баба таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од него. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 13.05.2022 во 22.08 часот во село Градец, гостиварско, од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е приведен Х.М.(20) од селото, затоа што по претходна расправија и физичка пресметка околу случена сообраќајна незгода, со остар предмет го повредил на раката и ногата М.Х.(36) неговиот соселанец. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 13.05.2022 во 22:45 часот во ОВР Кавадарци, И.В.(37) од Кавадарци пријавила дека околу 17:30 часот во село Ваташа, по претходно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Д.В. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 14.05.2022 во 00:30 часот во Полициска станица Струмица Б.Ф.(60) од село Вељуса пријавил дека на 13.05.2022 околу 23 часот во угостителски објект во село Вељуса бил физички нападнат од Б.Г и А.Г. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 12.05.2022 во 23:20 часот во Полициска станица Битола П.Д.(60) од с.Лопатица, битолско, пријавил дека околу 19.15 часот во село Лопатица, по претходно недоразбирање, неговиот внук бил физички нападнат од Д.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 14.05.2022 во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е приведен С.С.(24) од Куманово, постапувајќи по пријава според која околу 00:30 часот, во близина на казино во Гостивар, по претходна расправија, физички ја нападнал својата  28-годишна девојка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Љ.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’. Во текот на 2021 година пријавениот поплочил и заградил земјиште во државна сопственост, по што им забранил на соседите да го користат.На 13.05.2022 во 19:15 часот во Полициска станица Центар Д.С.(41) од Скопје пријавил дека околу 18:40 часот, во трговски центар на подрачје на Центар, неговата малолетна ќерка физички била нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 13.05.2022 во 18 часот во Полициска станица Бит Пазар, А.М.(36) од Скопје пријавила дека од нејзиниот дом се оддалечила нејзината ќерка С.С.М.(13) која и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.На 13.05.2022 во 23:20 часот од страна на полицикски службеници од Полициската станица Гевгелија во близина на Негорски Бањи се пронајдени 44 лица мигранти од Пакистан. Со нив е извршен разговор и тие се пренесени во Транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(23) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 21.04.2021 во 22:55 часот пријавениот бил затекнат на булевар „Трета македонска ударна бригада“ за време на забрана за движење на територијата на државата.свс/

Остани поврзан