• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - На 25.10.2021 во Полициската станица Демир Хисар, лекар од Итна медицинска помош Демир Хисар пријавил дека кај нив помош побарал Р.П.(53) од село Слепче, демирхисарско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад од пациент во Јавната здравствена установа - Психијатриска болница Демир Хисар, каде Р.П. бил вработен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 25.10.2021 во 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Иван Хаџиниколов“ во Драчево едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот. На 26.10.2021 околу 02 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода И.А.(24), Ѓ.Ш.(28), Б.Х.(24) и Б.Д.(20), сите од Велес, затоа што околу 01:30 часот учествувале во меѓусебна физичка пресметка во домот на И.А. и Ѓ.Ш., при што И.А. со остар предмет му нанел убодни рани на Е.У. Според пријавеното, на настанот му претходела физичка пресметка помеѓу И.А. и Б.Х. на улица „Ѓорѓи Димитров“ во Велес. Повредениот бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 25.10.2021 во 10:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09:40 часот во спортска обложувалница на булевар „Јане Санкдански“ две лица со закана одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 25.10.2021 во 23:35 часот во СВР Скопје, Б.Е.(22) од село Глумово, скопско, пријавил дека околу 23:30 часот во негов стан на подрачје на Бит Пазар го пронашол починат Љ.Р.(60) од Скопје кој престојувал во станот и за кого се грижел тој. Лекар од доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено во судска медицина-Скопје за обдукција. На 25.10.2021 во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушително поведение се оддалечила нивната штитеничка Л.Д.(18), која и претходно се оддалечувала од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 25.10.2021 во СВР Скопје било пријавено дека околу 17 часот едно лице од Н.К.(56) со закана одзело пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(34) од село Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.06.2021, пријавениот физички и со дрвен предмет го нападнал Л.З.(33) од село Боговиње. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(41) од Скопје и И.Т.(53) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавените, неовластено издале одобрение за регистрирање на товарно моторно возило „Ман“ сопственост на правно лице од село Долно Средорече-општина Дебарца, иако знаеле дека возилото не ги исполнува условите и согласно Законот за возила не може да се регистрира. На 25.10.2021 во 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 20:52 часот во аптека на булевар „Јане Сандански“ едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 25.10.2021 околу 10:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на маркет во Ново село, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка со употреба на тврди предмети помеѓу М.Т.(63) од истото село и Д.Б.(50) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.свс/

Остани поврзан