• понеделник, 23 декември 2024

Мбапе одби две понуди од ПСЖ за нов договор

Мбапе одби две понуди од ПСЖ за нов договор
Париз, 26 август 2021 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одби две понуди од парижаните за нов договор, пренесува „Л'Екип“. Според францускиот весник, првата понуда е 125 милиони евра и петгодишен договор. Сепак, Мбапе не се согласи, сметајќи дека договорот е предолг. Втората понуда е тригодишен договор, но ова исто така не му одговараше на играчот. Претходно, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, изјави дека клубот е подготвен да го пушти Мбапе да замине во Реал, но само под одредени услови. Мадридскиот клуб понуди 160 милиони евра за него, но ПСЖ одби. Оваа сезона, 22-годишниот играч одигра три натпревари за ПСЖ и постигна еден гол и две асистенции. зс/

Остани поврзан