• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Масивен руски напад со дронови врз Харков

Масивен руски напад со дронови врз Харков

Харков, 27 март 2025 (МИА) – Руските сили доцна синоќа извршиле масовен напад со дронови врз Харков, вториот по големина град во Украина, при што биле повредени девет лица и предизвикана значителна материјална штета.

Службите за итни случаи на социјалните мрежи соопштија дека нападите предизвикале четири пожари во центарот на градот и објавија слики од пожарникари кои се борат со пламените јазици покрај купишта урнатини. Се наведува дека нападите предизвикале сериозни оштетувања на зградите.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека имало најмалку 12 напади со дронови врз градот кој е честа цел на руската војска, и се наоѓа на околу 30 километри од границата.

Харков се одбрани од заземање во првите недели од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, но често е цел на дронови и проектили.

Напад со дрон предизвика и пожари во централниот град Дњепар, соопшти регионалниот гувернер Серхиј Лисак на Телеграм. Сликите објавени на интернет покажуваат чад и пламени кои се издигнуваат кон небото. јт/

Фото: Главна дирекција на Државната служба за итни случаи на Украина во Харков

Остани поврзан