• понеделник, 23 декември 2024

Марсеј поради одбивање да го продолжи натпреварот со Ница ќе добие службен пораз

Марсеј поради одбивање да го продолжи натпреварот со Ница ќе добие службен пораз
Париз, 23 август 2021 (МИА) – Француската фудбалска федерација ќе додели службен пораз со 3:0 за Марсеј поради напуштање на натпреварот од 3. коло во Лига 1 синоќа на гостувањето кај Ница. Средбата беше прекината во 75. минута при водство на Ница со 1:0. Причината е напад на навивачите на гостинскиот фудбалер Паје кој се подготвуваше да изведе корнер. Различни предмети беа фрлени врз него од трибината зад голот. Играчот фрли шише кон домашните навивачи како одговор. Ова доведе до бурна реакција кај навивачите на Ница, а дел од нив се симнаа на теренот и започна масовна тепачка. Натпреварот беше прекинат. По околу еден час, играчите на Ница и судиите се вратија на теренот со намера да го продолжат  натпреварот. Сепак, Марсеј одби да ја доигра средбата. Според правилата на Лига 1, Марсеј службено ќе го загуби мечот. зс/

Остани поврзан