Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта
- Магацините на „Славија“ во општина Кисела Вода можат да прераснат во уреден јавен и мултифункционален простор за алтернативната културна сцена, креативна индустрија и други функции наменети за младите и сите граѓани, се вели во соопштениеот на „Независни заедно“ од денешната прес-конференција на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Горан Марковски, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 14 октомври 2025
Магацините на „Славија“ во општина Кисела Вода можат да прераснат во уреден јавен и мултифункционален простор за алтернативната културна сцена, креативна индустрија и други функции наменети за младите и сите граѓани, се вели во соопштениеот на „Независни заедно“ од денешната прес-конференција на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Горан Марковски, што МИА го пренесува интегрално.
- Да ги сочуваме и искористиме овие простори, како градителско наследство кое може да добие поинаква функција, а не да прераснат во колосални станбени објекти кои дополнително го загушуваат овој град, истакна проф. Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.
Факт е дека на Скопје му недостасуваат простори за социјализација и дружба на младите, како и места за организирање на различни настани.

На денешната прес конференција се обрати и Јана Белчева Андреевска, носителка на листата за советници во град Скопје на „Независни заедно“:
- Наместо само да се руши и одново да се гради, добро е да ги следиме и принципите на циркуларната економија и примерите на европските метрополи, да реставриваме објекти од ваков тип, да им дадеме живот и да добијат нова вредност во новото време кое го живееме, истакна Белчева Андреевска.
Кандидатите ги повикаа граѓаните да гласаат за вистински промени, број 128 за градоначалник на Скопје и број 35 за листата советници за Град Скопје. Скопје има шанса!
„Независни заедно“
Фото: „Независни заедно“