• сабота, 23 ноември 2024

Марковска: Продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните, за домашната економија

Марковска: Продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните, за домашната економија
Скопје, 16 март 2022 
Владата предводена од СДСМ презема ефикасни и навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните во време на глобална економска и енергетска криза.
Со пакетот од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра им се помага на граѓаните и на компаниите да ги надминат последиците од кризите.
330.000 пензионери и околу 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош за месеците април, мај и јуни ќе добиваат по дополнителни 1.000 денари месечно кои можат да ги искористат за купување прехранбени производи, плаќање сметки или нешто друго.
Владата предводена од СДСМ донесе одлука за укинување на Данокот на додадена вредност и укинување на маржите за основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
Се намалија и ДДВ то и акцизата за горивата, што резултираше со пад на цената на бензинот за 6,5 денати и на дизелот за 9 денари.
Додека цените на горивата секаде во регионот растат, кај нас ти се намалуваат и денес имаме најниска цена на гориво споредено со земјите во регионот.
За да се покаже одговорност во време на криза, но и да се ослободат дополнителни средства, Владата ги задолжи сите институции кои се буџетски корисници да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто, трошоците за репрезентација да ги намалат за 50 отсто.
СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои го штитат стандардот на граѓаните.
И во време на криза економијата е стабилна, платите растат, невработеноста опаѓа и тоа е потврдено со официјални податоци од релевантни институции.
Продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните, за домашната економија.
Прес-конференција, Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан