• сабота, 23 ноември 2024

Маричиќ: Конечно имаме квалитетна рамка за професионално филтрирање на правосудството

Маричиќ: Конечно имаме квалитетна рамка за професионално филтрирање на правосудството
Скопје, 28 декември 2020 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ по состанокот на Советот за реформи во правосудството изјави дека следната година ќе се направи најавената филтрација на судството. Според министерот, преку овој процес ќе се врати изгубената доверба на граѓаните во правната држава. -После цела една година се состана ова тело и се донесоа важни одлуки. Пред сè, се усвоија интерните планови на Судскиот совет за проверка на работата на судовите, претседателите на судовите и судиите, а исто и методологијата за оценување на судиите и претседателите на судовите. Тоа е главна алатка за најавеното филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите, изјави Маричиќ. На седницата, како што информираат од Министерството за правда, бил разгледан и поддржан правилникот за оценка на работата на јавните обвинители, кој се носи како резултат на веќе донесениот Закон за Јавно обвинителство. -Мислам дека се создадени сите услови и во судството и во обвинителството да имаме една квалитетна проверка и едно професионално проверување на работата и на судството и на обвинителството, изјави Маричиќ. Посочи дека во текот на јануари 2021 година останува да биде донесена методологијата за сложеност на предметите, со што ќе се комплетира сликата за проверка на работата на судовите во државата. аа/бак/ https://youtu.be/tm3lACWtUH0

Остани поврзан