• сабота, 21 декември 2024

Маринакис: Воздржано оптимисти дека ќе се отвори патот за безбедно враќање на сиријските бегалци во нивните домови

Маринакис: Воздржано оптимисти дека ќе се отвори патот за безбедно враќање на сиријските бегалци во нивните домови

Атина, 9 декември (МИА) – Транзицијата кон демократска нормалност нè прави да бидеме воздржани оптимисти, да се надеваме на евентуалното враќање на многу бегалци, луѓе кои се измачија колку што малкумина можат да замислат во последните години, поради ситуацијата што владее во Сирија и да го отвори патот за безбедно враќање на сириските бегалци во нивните домови, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на мигрантското прашање по последните случувања во Сирија, јави дописничката на МИА од Атина.

Посочи дека не постои некаква загриженост за бегалски бранови, туку напротив очекуваат да се случи спротивното и бегалците да се вратат назад.

Дополнително објасни дека со оглед на тоа што „безбедносната ситуација во Дамаск се чини дека е подобрена, грчкиот амбасадор останува таму и е во постојана комуникација со грчката заедница“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претпладнево имал телефонски разговор со патријархот Антиохиски Јован Први, кој го информирал за ситуацијата во Сирија, а Мицотакис ја истакнал поддршката на Грција за Антиохиската патријаршија и нејзините верници“.

- Кирјакос Мицотакис ја изрази подготвеноста на Грција да помогне онаму каде што ќе биде потребно и го повтори ставот на земјата за инклузивна иднина во Сирија, која ќе ги заштити сите верски заедници, информираа од кабинетот на грчкиот премиер. ср/ссм/

Остани поврзан