• среда, 25 декември 2024

Марили бизнис форум во Охрид и прогласување на 20 најуспешни жени менаџери

Марили бизнис форум во Охрид и прогласување на 20 најуспешни жени менаџери
Скопје, 28 мај 2022 (МИА) - Дваесет жени од земјава и од регионот се избрани за најуспешни жени менаџери во рамки на традиционалната манифестација што ја организира Концепт Марили. Во Охрид денеска ќе им бидат врачени статуетките „Жена водилка“, а ќе се одржи и бизнис форум со четири панели посветени на Економскиот баланс - турбулентни предизвици, Личен менаџмент – создавање додадена вредност, Емоционален баланс - женско лидерство и Менталното здравје и убавината. За најдобри менаџерки годинава се прогласени Анита Ангеловска Бежоска, гувернер на Народна банка на Република Северна Македонија, која ќе добие специјална награда, Филомена Пљаковска Аспровска, главен извршен директор на Интернационален Картичен Систем АД Скопје, Наташа Паунова Блажевска, генерален менаџер на „Л&Н&Т Диагностик“ - Скопје, Билјана Божиновска, генерален директор на ПЗУ Аптека „Анни фарм“, Ана Марија Вуковска, извршен директор на Property One Real Estate - Скопје, Татјана Узунова Георгиевска, генераен менаџер на „3Д проект студио“ - Скопје, Марина Данева, финансов менаџер на „Апаве СЕЕ“ – Скопје, Вилма Учета Дузлевска, генерален менаџер на Триглав Осигурување Живот АД Скопје - Скопје, Шемса Емшериев, генерален менаџер на „Еуростеп“ - Скопје, Татјана Коловчевска, управен директор на „Леорон“ – Дубаи, Даниела Ташевска Малева, генерален менаџер на „Еуроинг“ – Гевгелија, Даниела Перканоска, генерален менаџер на „Авто Контрол“ – Прилеп, Светлана Пљакоска, управител на „Олимпиа Mоторс“ и „Олимпиа Моторс Аутлет“ – Скопје, Марија Рангелова – менаџер на маркет во „Веро центар“ - Скопје, Весна Стојановска, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво, Меланија Тодорова, носител на брендот „Кубус“ и менаџер на „ЦБС Проект“ - Скопје, Олгица Илоска – „Инекс Олгица Хотел & Спа“ – Охрид – постхумна награда, Слаѓана Петровиќ – „НАЈжена и НАЈмушкарац 21.века“ – Белград, Едита Даутовиќ – „Милениум“ – Подгорица и Гордана Николиќ – Висока бизнис школа ПАР – Риека. Марили бизнис-форумот, чиј почеток е во денеска напладне, е најавено да го отворат генералната менаџерка на агенција „Марили“ Лидија Трипуноска и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во Владата на РСМ Фатмир Битиќи. На бизис-форумот учество и обраќања се најавени на: вицепремиерот Битиќи,  проф. д-р Маја Кузмановска, директор на Бизнис-академија Смилевски – БАС, претседателот на ССКМ Трајан Ангелоски, проф. д-р Даниела Карадаков – БАС, сопственикот и генерален менаџер на Агро Калем, Тимјаник и претседател на Фармерска федерација на Македонија Васка Мојсковска, извршен директор на „Милениум“, Подгорциа, Црна Гора и претседател на Женско претприемништво на Црна Гора Едита Даутовиќ, редовен професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, професор на Универзитетот во Ново Место, Словенија и национален координатор на Интернационалното здружение за емоционална интелигенција со седиште во Охрид Љупчо Кеверески, сопственичката и декан на Високата бизнис школа ПАР во Риека проф. д-р Гордана Николиќ, претседателката на Здружение „Заедно во Европа“ од Бања Лука доцент.д-р. Лиљана Крњета, сопственичката и генерален менаџер на „Арс Луцида“ Скопје – компанија за личен развој Елена Антоновска,  сопственичката и генерален менаџер на „Еуростеп“ - Скопје и носител на проектот за жени „Минерва“ Шемса Емшериев, модната дизајнерка и сопственик на модно студио ОГ Олгица Ѓоргиева и новинарот и уредник во ТВ24 Огнен Јанески. Во 20:00 часот в сабота почнува свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, на која поздравно обраќање ќе има гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска. Традиционално изборот се врши во организација на Марили, од каде најавуваат промовирање на 20 наградени менаџерки со видеоматеријал и доделување статуетки „Жена водилка“. Меѓу наградените ќе има и три менаџерки од регионот. ев/лв/  

Остани поврзан