• понеделник, 16 декември 2024

Манчестер подготвен да го продаде Рашфорд

Манчестер подготвен да го продаде Рашфорд

Манчестер, 10 декември 2024 (МИА) - Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде Рашфорд во зимскиот преоден рок или идното лето поради. Заминувањето на Маркус ќе му донесе на клубот поголема слобода на трансфер пазарот.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, клубот е подготвен да ги разгледа понудите за Рашфорд и покрај неговата нагорна форма по доаѓањето на тренерот Рубен Аморим.

Една од причините за евентуалното заминување на Рашфорд од Манчестер јунајтед е неговата висока плата. Продажбата на напаѓачот може значително да му помогне на клубот да влезе во финансискиот фер-плеј и да добие повеќе можности на трансфер пазарот.

Договорот на Рашфорд со Манчестер јунајтед е до 2028 година. Оваа сезона 27-годишниот напаѓач постигна четири гола и една асистенција на 15 натпревари во Премиер лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан