Манасиевски: Дали 14 милиони евра од еден тендер на Марковски компани завршиле на сметки на Заеви, затоа ли судот го пушти во куќен притвор?
- -14 милиони евра од само една зделка на Марковски компани со РЕК и ЕСМ како очигледен профит за мафијата која тогаш управувала со државата. И сега газдата на Марковски компани, е тој што треба да каже каде завршиле овие 14 милиони евра разлика во понудите, тој наместо во притвор е во куќен притвор, заштитен директно од судиите на СДС, кои ги извршуваат насоките на нивните наредбодавци Филипче и Зоран Заев - вели Манасиевски.
Скопје, 11 октомври 2025, (МИА) -Од денеска почнуваме со разобличување на криминалот на Марковски компани, очигледното испумпување на пари од државните РЕК и ЕСМ и грабежот кој го правеле СДС. Од сето ова ќе стане јасно зошто газдата на Марковски компани доби куќен притвор од судиите на СДС, наместо да заврши во затвор - истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Марковски компани добиле 46 милиони евра од само еден тендер од СДС, иако понудата била поскапа, а сега, добива само куќен притвор што е доказ за гнилото судство!
-За конкретната набавка за ископ на јаглен имало три понудувачи. Најевтината понуда изнесувала 100 денари по гигaџул. Но прифатена е понуда од 129,7 денари по гигaџул. Тоа е 30 проценти повисока цена. Автоматски се поставува прашањето каде завршиле овие 30% - изјави Манасиевски.
Тој вели дека за да биде појасно, 30% од 46 милиони евра се 14 милиони евра. Дали овие 14 милиони евра завршиле преку разни канали до сметки на Заеви во Бугарија и Дубаи?, запраша.
-14 милиони евра од само една зделка на Марковски компани со РЕК и ЕСМ како очигледен профит за мафијата која тогаш управувала со државата. И сега газдата на Марковски компани, е тој што треба да каже каде завршиле овие 14 милиони евра разлика во понудите, тој наместо во притвор е во куќен притвор, заштитен директно од судиите на СДС, кои ги извршуваат насоките на нивните наредбодавци Филипче и Зоран Заев - вели Манасиевски.
Тој изјави дека деновиве ќе продолжат со објавување на детали од тоа како со пари на РЕК и ЕСМ преку Марковски компани се финансирал кругот околу Заеви и Филипче.