Македонските претставници ги добија противниците во ЕХФ купот
- Македонските екипи денес ги дознаа ривалите во ЕХФ купот.
Скопје, 16 јули 2024 (МИА) – Македонските екипи денес ги дознаа ривалите во ЕХФ купот.
Освојувачот на Купот на Македонија, Алкалоид во второто квалификациско коло ќе се соочи со Драгунас Клаипеда од Литванија.
ГРК Охрид, исто така во второто коло од квалификациите купот, ќе игра со Потаиса Турда од Романија.
Тиквеш за противник во првото коло го доби тимот на Драма од Грција.
Бјанко Монте од Драма.
Средбите од првото квалификациско коло во ЕХФ купот ќе се играат на 14/15 септември и на 21/22 септември (реванши).
Второто коло е предвидено за 19/20 и 26/27 октомври (реванши). зс/
Фото: МИА