• петок, 05 декември 2025

Јувентус го декласира Ал-Аин на Светското клупско првенство

Јувентус го декласира Ал-Аин на Светското клупско првенство

Вашингтон, 19 јуни 2025 (МИА) - Јувентус утринава го победи Ал-Аин со 5:0 во натпреварот од групната фаза на Светското клупско првенство. Натпреварот се одигра во Вашингтон.

Рандал Коло Муани и Франциско Консеисао постигнаа по два гола, еднаш погоди Кенан Јилдиз. 

Јувентус има 3 бода и е на првото место во групата Ц по првото коло. Ал Аин е последен (0 бодови). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан