Инзаги за ремито со Реал: Се боревме против екипа која е во првата тројка во светот
- Тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги го се осврна на ремито со Реал Мадрид (1:1) синоќа во натпреварот од групната фаза на Светското клупско првенство.

Мајами,19 јуни 2025 (МИА) - Тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги го се осврна на ремито со Реал Мадрид (1:1) синоќа во натпреварот од групната фаза на Светското клупско првенство.
- Беше добар натпревар. Мојот тим се покажа одлично, одигра организирано. Игравме тимски, сите заедно. Се боревме против Мадрид, кој е во првите три тима во светот. Не би можел да барам повеќе, изјави Инзаги за „Мундо Депортиво“.
Во следниот натпревар од Светското клупско првенство во 2025 година, Ал-Хилал ќе се соочи со австриски Салцбург на 23 јуни. зс/
Фото. ЕПА