Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Финска
- Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар меѓу А репрезентацијата и Финска.
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар меѓу сениорската репрезентација и Финска.
Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Последниот пријателски натпревар против Финска, Македонците го одиграа во март 2018 година, во турски Белек, мечот заврши без голови, 0:0.
Во октомври, „црвено-жолтите“ веќе имаат договорено пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија. зс/