• среда, 25 декември 2024

Мазутот поскапува, цената на горивата останува иста

Мазутот поскапува, цената на горивата останува иста
Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Цената на горивата останува иста, а од ноќеска на полноќ за 1,411 денари за килограм поскапува мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 98,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за 101, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 100, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 98,5 денари за литар. Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 51,455 денари за килограм. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,141 отсто и  кај дизелот за 0,923 отсто, а зголемување од 1,883 отсто има кај мазутот, додека курсот на доларот во однос на денарот е понизок за 0,4 отсто. вј/сп/

Остани поврзан