• вторник, 27 август 2024

Локални врнежи од дожд утре во југозападните и јужните делови во државата

Локални врнежи од дожд утре во југозападните и јужните делови во државата

Скопје, 6 март 2023 (МИА) - Слаби локални врнежи од дожд ќе има утре во југозападните и јужните делови на државата.

Минималната температура ќе се спушти до минус два степени, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје минималната темепратура ќе се спушти до нула, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во петок и недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. бд/ац/

Остани поврзан