• сабота, 22 март 2025

Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров

Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров

Скопје, 22 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што вчера околу 14.30 часот на бул. „Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка.лв/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан