• петок, 05 декември 2025

Наградуваниот перформанс „Сексуално образование II: Борба“ првпат во Скопје во рамки на „ПРВО ПА ЖЕНСКО 13“

Наградуваниот перформанс „Сексуално образование II: Борба“ првпат во Скопје во рамки на „ПРВО ПА ЖЕНСКО 13“

Скопје, 17 јуни 2025 (МИА) - Наградуваниот перформанс „Сексуално образование II: Борба“ ќе биде изведен вечерва со почеток во 19:30 часот во Киното на Железничката зграда како дел од тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ (#ППЖ13).

Перформансот, копродукција на реномираниот европски театар Slovensko mladinsko gledališče, заедно со MASKA и Mesto žensk од Љубљана, Словенија, ја истражува долгогодишната борба за репродуктивни права во Југославија, актуелизирајќи го прашањето за сексуалното образование и правото на телесна автономија во современ контекст.

Делото досега ја доби престижната награда „Јован Ќирилов“ на БИТЕФ фестивалот во Белград, како и признание од публиката.

Режисерката Тјаша Чрнигој ја води оваа сценска постановка, во која настапуваат Лина Акиф и Сузана Крех, а продукцијата вклучува истакнати автори од областа на сценографијата, костимографијата и аудиовизуелната уметност.

По изведбата, публиката ќе има можност да учествува во разговор со режисерката, продлабочувајќи ја дискусијата за актуелноста на темите кои ги отвора перформансот.

Настанот е дел од јуниската соработка меѓу СКОПЈЕ ПРАЈД ВИКЕНД на Коалиција Маргини, ПРВО ПА ЖЕНСКО на Тиииит! Инк. и ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА на Локомотива, а е поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation, Амбасадата на Шведска во Скопје, Equality Fund и Global Fund for Women.ар/мд/
Фото:МИА архива 

Остани поврзан