• недела, 24 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лефков: Шоферот на Заев палел пожари, а Филипче политички профитира и шири паника, ЈО да не ги штити луѓето на СДС

Лефков: Шоферот на Заев палел пожари, а Филипче политички профитира и шири паника, ЈО да не ги штити луѓето на СДС

30 јули 2025

Шоферот на Зоран Заев подметнува пожари, Македонија гори, а СДС и нивните апологети креираат атмосфера на паника, тоа е планот на СДС кој пропадна вчера, се наведува во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конферецнијата на пратеникот Миле Лефков.

Ова е фотографија од која се гледа шоферот А.Н. како е дел од најтесниот круг на Зоран Заев.

Заев лаже кога вели дека А.Н. не му бил шофер.

Од оваа фотографија, се гледа дека токму потпалувачот на пожари е дел од кругот на Заев кога тој ги предаваше бомбите во СЈО и кога по кажувања на нему блиски се опкружил само со проверени луѓе.

Ако А.Н. бил проверен човек на Заев, и лице од највисока доверба не може, а да не прашаме по чија насока дејствувал сега кога ги палел пожарите?

Шоферот на Заев е жив фатен, а со тоа и СДС.

Има ли некој во државата кој верува дека шоферот на Заев постапувал на своја рака?

Венко Филипче не може да излезе од ова. Венко Филипче има само една опција, да се огради од Заев и да го осуди палењето на пожарите кои ги прават нему блиски лица.

Доколку Венко Филипче продолжи да молчи, само ќе потврди во целост, дека тој е едно со Заев, дека ја спроведува неговата политика и неговата агенда.

Очекуваме од ЈО да не работи како до сега, и да не го штити СДС и нивните кадри кои ја палат државата со години. Очекуваме акција и соодветни казни.

Линк од видео материјал:
https://youtu.be/P0c0r0nE4xI
https://www.swisstransfer.com/d/7a3e7029-0477-4d48-8cd5-49f522493f6b

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан