• понеделник, 23 декември 2024

Лефков: Бисера Костадиновска со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а не заминала на пат

Лефков: Бисера Костадиновска со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а не заминала на пат

Скопје, 1 септември 2024 

Бисера Антоанета не можела да стигне секаде каде што сакала, трошела пари на авионски билети, плаќала со службена картичка, а потоа не одела на пат, парите пропаѓале. Ова не е случај само со 3000 евра платени за карти за Дубаи, тоа е случај и за две авионски карти платени за Лондон.

Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина - Лондон во еден правец во висина од 44.900  илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале.

Иако патувањето не се реализирало, Бисера Антоанета ги оправдала потрошените пари со купените карти.

Не е првпат Бисера Антоанета да купува авионски билети и за илјадници евра, а потоа да не го реализира патувањето. Многу логично се поставува прашањето, ако истата работела според план и програма, тогаш многу лесно ќе се предвидело каде може да отиде, а каде не, очигледно е дека Бисера Антоанета сама како ќе и текне си резервирала карти и плаќала илјадници евра само затоа што мислела дека може и сакала да прошета секаде.

Ова е раскалашено однесување и доказ како СДС ја ограбувале државата.

Утре продолжуваме со нови сознанија од серијалот Бисера Антонаета.

Миле Лефков, пратеник 

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан