• петок, 15 ноември 2024

Левица пред КСС ја претстави својата трудова програма

Левица пред КСС ја претстави својата трудова програма

Скопје, 1 мај 2024

 
Денес, на 1-ви мај, на денот на трудот - празникот на организираниот труд, Левица ја претстави својата програма пред Конфедерацијата на слободни синдикати во Република Македонија.
 
Нашата програма почнува и завршува со работникот како столб на општеството кој 33 години е политички заборавен и постојано експлоатиран. Наместо работните интереси, во државата владеат интересите на олигархијата.
 
Предвидуваме најсуштински и структурални промени на трудовата и финансиската политика која ќе ја врати моќта на одлучување во рацете на работникот.
 
Левица била и секогаш ќе биде ваша Партија - Партија на Тудот, на широките работнички маси.
 
На претставувањето на програмата присуствуваа членот на Президиумот и носител на ИЕ 2, Амар Мециновиќ и координаторот на трудовиот сектор Александар Димитријевиќ.
 

Секторот за медиуми и односи со јавноста при Левица,

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

 

Остани поврзан