• вторник, 24 декември 2024

Левица отвори канцеларија во Кратово

Левица отвори канцеларија во Кратово

Скопје, 19 март 2024

Во присуство на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, како и кандидатот за претседател, проф. д-р Билјана Ванковска, свечено беше отворена канцеларијата на Левица во Кратово.

,,Левица расте, тоа е видливо во поголемите градови, но уште позабележително е во малите места. Кратово ја има поддршката од Левица и заедно ќе ја оствариме историската победа на двојните избори кои се пред нас", истакна претседателот Апасиев пред присутните.

Пратеникот Крмов потенцираше дека со успешната акција за собирање на потребните 10.000 потписи, Левица покажа способност да се носи рамо до рамо со сите политички субјекти во државата.

,,Освен од членовите на Левица, процесот беше масовно поддржан од обичниот граѓанин, кој се повеќе дава поддршка на единствената искрена опција, на Левица", истакна Крмов.

,,Ветувам дека вашата енергија што ми ја давате, ќе ја оправдам и храбро ќе влезам во политичката битка за претседател на Македонија", истакна Ванковска.

На Македонија и требаат храбри и решителни луѓе, а такви во Левица ги има многу. Заедно ќе победиме и ќе и го вратиме достоинството на македонскиот работник.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ПП Левица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан