• вторник, 24 септември 2024

Левица: Мисајловски уште не реагира за скандалот со храна за војската

Левица: Мисајловски уште не реагира за скандалот со храна за војската

Скопје, 23 септември 2024

Откако изби скандалот за труење со храна на македонските војници, министерот за одбрана Владо Мисајловски уште го нема да реагира за овој скандал, на кој му претходи уште поскандалозен тендер. Имено, компанијата која ги труе македонските војници е контроверзната фирма „Далма фоод и кетеринг сервис“ која на 26 февруари оваа година го добила тендерот за обезбедување на храна за македонската војска, вреден над 6 МИЛИОНИ ЕВРА за само една година.

Веќе сме сведоци на неколку случаи на труење поврзани со храната обезбедена од оваа фирма, како што беше случајот во воената академија„ Михајло Апостолски и во касарната Илинден”. Фирмата „Далма фоод и кетеринг сервис“ (каде како  управител се јавува ДЕЈАН АТАНАСОВСКИ) се чини дека е омилена компанијата на претходната власт, па истата се јавува и во сомнителен тендер во 2020 година во училиште во општина Аеродром.

Информациите кои пристигнаа до Левица говорат дека после скандалот со труење, војниците ја одбиваат храната која ја доставува оваа компанија, додека за истата нема никакви правни последици. Иако тендерот е склучен од претходниот министер Славјанка Петровска, актуелниот министер од редовите на ДПМНЕ МОЛЧИ пред очигледниот коруптивен скандал!

МИСАЈЛОВСКИ должи одговор пред јавноста кои се моќниците што вршат притисоци записниците од контролите во „Далма фоод и кетеринг сервис” да останат скриени во фиока? Левица бара министерот за одбрана веднаш да го РАСКИНЕ овој договор кој ја загрозува безбедноста на 4.200 припадници на македонската армија и да ја активира негативната референца, затоа што токму оваа компанија продолжува да добива тендери во училиштата и да ги храни нашите ученици.  Истовремено, го повикуваме и Јавното обвинителство да ги истражи овие сомнителни тендери и да открие какви нерегуларности се случуваат во овој процес. 

Доколку ДПМНЕ навистина има политичка волја да расчисти со корупцијата и да го разоткрие криминалот на претходната власт, нека почне од омилената компанија на СДС, „Далма фоод и кетеринг сервис“, со што ќе го заштити и здравјето на македонските војници. 

 

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

___________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан