• среда, 24 јули 2024

Левица бара намалување на патарините за 50 отсто и скратување на договорите на определено време

Левица бара намалување на патарините за 50 отсто и скратување на договорите на определено време
Скопје, 17 март 2022 Денес, пратениците на Левица поднесоа два предлог-закони до Собранието на Република Македонија, кои се однесуваат на намалување на цената на патарините и намалување на времетраењето на договорите на определено време. Со првиот предлог-закон, предлагаме намалување на висината на енормно високата цена на патарините за 50 проценти. Дополнително, со нашите предложени измени, се предвидува одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието. Со вториот предлог-закон, пратениците од Левица предлагаат намалување на горната граница од пет години на шест месеци за договорите на определено работно време. На овој начин, ќе се стимулираат работодавците да ги пријавуваат работниците на неопределено време, со што се обезбедува материјална сигурност за работниците. Дополнително, предлогот на Левица предвидува и исплатата на платата да се реализира најдоцна до петтиот ден од месецот, со што ќе се намалат можностите за манипулација од страна на работодавците. Политичка партија Левица ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан