• понеделник, 23 декември 2024

Лапорта избира меѓу четворица за наследник на Чави

Лапорта избира меѓу четворица за наследник на Чави

Барселона, 21 мај 2024 (МИА) - Барселона минува низ турбулентен период бидејќи претседателот Жоан Лапорта не е во најдобри односи со менаџерот Чави, и покрај тоа што до неодамна го молеше да остане во шпанскиот тим.

Лапорта, барем според шпанските медиуми, е бесен на Чави за неговите изјави пред натпреварот со Алмерија кога тврдеше дека каталонците немаат пари да се натпреваруваат со другите европски гиганти за најголемите ѕвезди.

Чави закажал уште еден состанок со Лапорта за да разговара за неговата иднина, додека бордот на Барселона во меѓувреме идентификувал четворица кандидати.

На листата на потенцијални наследници на Чави се Ханси Флик, Рафаел Маркез, Роберто Де Зерби и Томас Тухел. дс

Фото: Архива

Остани поврзан