Лавров од утре во дводневна посета на Кина
- Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се очекува утре да пристигне во дводневна официјална посета на Кина, соопштија одделенијата за надворешна политика на двете земји, цитирани од агенциите.
Москва, 7 април 2024 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се очекува утре да пристигне во дводневна официјална посета на Кина, соопштија одделенијата за надворешна политика на двете земји, цитирани од агенциите.
-Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 8 и 9 април ќе престојува во дводневна официјална посета на Кина, при што се планирани разговори со неговиот кинески колега Ванг Ји, соопштија од прес-службата на Министерството за надворешни работи во Москва.
Се додава дека за време на посетата „ќе се разговара за голем број прашања, меѓу кои и украинската криза и ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион“.
Лавров последен пат го посети Пекинг во октомври. Кина е клучен економски и политички партнер на Русија. мс/
фото: МИА архива