• петок, 22 ноември 2024

Лавров: Киев не ги почитува договорите за Донбас

Лавров: Киев не ги почитува договорите за Донбас
Москва, 18 јануари 2021 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека Русија ќе постапи поинаку ако Париз и Берлин не го принудат Киев да ги почитува договорите од Минск и нормандиските договори за Донбас. Тој привлече внимание на тоа дека Киев не ги исполнува одредбите од договорот за Донбас, како и дека претставниците на Киев даваат изјави дека овие договори не треба да се почитуваат или дека тие можат да се спроведуваат само делумно, пренесува агенцијата ТАСС. Лавров изрази уверување дека главната причина за недостигот на напредок во Донбас е неможноста или неподготвеноста на Берлин и Париз да ги принудат своите подредени во Киев да престанат да ги саботираат договорите од Минск. Тој изјави дека нема одговори од Франција и од Германија на бројните повици, вклучувајќи ги и неговите писма, за „да ги вразуми претставниците на Киев за преговорите за Донбас“. - Тие едноставно се повлекуваат, како што велат кај нас, во сенка. Тие не даваат јавни изјави. Ако принципот е да не се навредува земјата, раководството на Украина, со кое е поврзана една од надежите за воздржување на Русија, тогаш нека ни кажат директно. Тогаш ние поинаку ќе ги испланираме нашите потези во таа насока, рече Лавров. паг/

Остани поврзан