• сабота, 26 октомври 2024

Курдски медиуми: Во воздушни напади на турските сили загинаа осум, а повеќе од 15 цивили ранети

Курдски медиуми: Во воздушни напади на турските сили загинаа осум, а повеќе од 15 цивили ранети

Дамаск, 24 октомври 2024 (МИА) - Турските воени и разузнавачки сили изведоа напади на повеќе од 40 цели на северот од Сирија и Ирак. Овие напади се одмазда за терористичкиот напад на Курдската работничка партија (PKK), при што турските сили извршија воздушни удари против инфраструктурата на PKK и Сириските демократски сили во Сирија.

Според курдските медиуми, во нападите загинаа осум, а повеќе од 15 цивили се ранети. Според пишувањата на локалните медиуми, курдските сили во Сирија и Ирак не се очекува да останат пасивни пред новата ескалација на односите со Турција, па веројатни се нови судири на пограничните области. ссм/

фото: архива

Остани поврзан