• понеделник, 23 декември 2024

По Алабама, и на Вирџинија и е наредено да врати илјадници избришани гласачи во избирачкиот список

По Алабама, и на Вирџинија и е наредено да врати илјадници избришани гласачи во избирачкиот список

Александрија, 25 октомври 2024 (МИА) – На американската држава Вирџинија денеска и беше наложено, со одлука на федерален судија, да врати во избирачкиот список 1.600 лица кои во последните два месеци биле незаконски избришани од него поради напорите на тамошната републиканска администрација да спречи евентуален обид на недржавјани да гласаат на претстојните општи избори, пренесе Бета.

Слична наредба неодамна беше издадена од друг федерален судија во врска со 3.200 гласачи во Алабама, кои исто така беа отстранети од списоците од локалната републиканска администрација во изминатите два месеци, со што го прекршија федералниот закон.

Во двата случаи, федералните судии утврдија, според тужбите на американското Министерство за правда, дека е прекршен законот со кој се забранува прочистување на избирачките списоци во сојузните држави 90 дена пред изборите.

Во тој таканаречен „период на тишина“ пред изборите, државите не смеат да прават големи промени во избирачките списоци. И случаите на Вирџинија и Алабама открија дека наредбата за чистка била издадена за време на забранетиот период.

Министерството за правда и граѓанските организации, вклучително и Лигата на жени гласачи, во тужбата тврдеа дека 1.600 гласачи во Вирџинија не биле недржавјанки, туку државјани на САД кои биле избришани поради бирократски грешки или грешки како што е погрешно означено поле на формуларот.

Властите на Вирџинија најавија жалба, а право на глас од оваа американска сојузна држава имаат речиси шест милиони избирачи.

Американските закони забрануваат лица кои не се државјани да гласаат на избори, а таквите обиди статистички се исклучително ретки. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан