• петок, 22 ноември 2024

МКС смени судија од панелот кој треба да донесе одлука за налози за апсење на израелските лидери

МКС смени судија од панелот кој треба да донесе одлука за налози за апсење на израелските лидери

Хаг, 25 октомври 2024 (МИА) – Меѓународниот кривичен суд соопшти дека заменува еден од тројцата судии во предистражниот совет кој треба да одлучи дали ќе го одобри барањето на обвинителот Карим Кан за налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, поради наводни воени злосторства во Газа.

Кан го поднесе барањето во мај, но судот се уште нема донесено одлука.

Судијката Јулија Моток од Романија побара да биде изземена „врз основа на медицински причини“. На нејзино место ќе дојде судијката Бети Холер од Словенија.

Израелските медиуми јавуваат дека овој потег најверојатно ќе ја одложи одлуката за налозите, пренесува ДПА. јт/

Остани поврзан