Кумановскиот театар ќе го одбележи Светскиот ден на театарот со претставата „Смрт и девојка“
- По повод Светскиот ден на театарот, кумановскиот театар вечер со почеток во 20 часот ќе ја изведе претставата „Смрт и девојка“, информираа денеска од Театар Куманово. Влезот за посетителите е слободен, информираа денеска од националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Пораките по повод 27 март – Денот на театарот конципирани од Емил Рубен и Теодорос Терзопулос ќе ги прочитаат актерите Анастасија Величковиќ и Никица Јанковски.

Куманово, 27 март 2025 (МИА) - По повод Светскиот ден на театарот, кумановскиот театар вечер со почеток во 20 часот ќе ја изведе претставата „Смрт и девојка“, информираа денеска од Театар Куманово. Влезот за посетителите е слободен, информираа денеска од националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Пораките по повод 27 март – Денот на театарот конципирани од Емил Рубен и Теодорос Терзопулос ќе ги прочитаат актерите Анастасија Величковиќ и Никица Јанковски.
Драмата од аргентинскиот писател Ариел Дорфман е во режија на Мирослав Петковиќ, а играат Марко Трајковиќ, Владо Дојчиноски, Сања Русеска.-Драмата „Смрт и девојка“. Драмата од аргентинскиот писател Ариел Дорфман остава силен впечаток поради неизвесноста што го принудува гледачот да размислува за моралните дилеми, личната ангажираност и учество во општествените текови, особено ако се неизмерно тешки, но и поради својата актуелност.
- Сметме дека денот треба да се одбележи пригодно, но сепак тивко, со оглед на трагичниот настан во Кочани, вели директорот на установата, Сашо Тодоровски.
Светскиот ден на театарот се слави секоја година на 27 март почнувајќи од 1961 година кога започна да се одбележува на иницијатива на Меѓународниот театарски институт (ITI). ам/са/
Фото: НУЦК